Author: Marija Todorovska
Иницијативата „Кој е следен“ денеска пред Основното јавно обвинителство побара правда за настраданите во пожарот во Кочани. Од иницијативата поставија бело платно на кое беа испишани имињата на загинатите и повредените во пожарот.
Прашањето за оружјето на обвинетиот Боре Видевски и недостатокот од траги за испукување во базата на Министерството за внатрешни работи (МВР), според неговиот бранител, адвокат Бојан Манев е контрадикторно. Тој изрази сомнеж околу контрадикторноста во документите што ги доставило МВР до Обвинителството, кои беа презентирани на денешното дополнение на доказната постапка.
Основниот суд Тетово денеска ги прогласи за виновни поранешните директори на Клиничката болница Тетово обвинети за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 година во кој 14 луѓе ги загубија животите. Тие добија по година и шест месеци ефективна затворска казна. Правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово беше прогласено за одговорно за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Ромската заедница продолжува да се соочува со сериозни предизвици, особено во областите на вработување, образование, здравство, домување и граѓанска регистрација. Бројот на регистрирани невработени Роми во АВРСМ е околу 10 отсто (10.388 Роми), од кои 93 отсто, односно 9.677 лица се Роми без завршено образование или со завршено основно образование, 4,13 отсто (430 лица) се со завршено средно образование и само 0,22 отсто (23 лица) се невработени со завршено високо образование, пријавени во Агенцијата за вработување. Голем дел од заедницата и понатаму останува активна во неформалната економија. Ова се наведува во Извештајот во сенка за имплементацијата на политиките за Роми…
Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, ги објасни причините за напуштање на коалицијата ВЛЕН и Владата. Тој посочи дека одлуката за напуштање на коалицијата ВЛЕН била процес што поминал низ неколку фази.
Обвинетиот Боре Видевски не бил на своето работно место на денот на грабнувањето и убиството на Вања и Панче, воедно нема достапни податоци за извршено пробно испукување со оружјето кое го поседувал обвинетиот, беше образложено од страна на Обвинителството на денешното рочиште за убиството на Вања и Панче.
ССНМ реагира: Оценките на претседателката Сиљановска Давкова за работата на новинарите се непримерни
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро реагира и искажува загриженост од моделот на однесување кон новинарите на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова која при гостувањето на емисијата ВинВин на ТВ Телма на 15 мај 2025 година искажа сериозно навреди кон колегата Боби Христов притоа користејќи недолични зборови за функцијата којашто ја извршува.
Министерството за образование и наука (МОН) треба да вметне дел од историјата на Ромите во наставните планови и програми за основно и средно образование, вели Чупи.
И склоноста да се надеваме на чудо е глупава. Сонгаг се обидела да направи чудо и не успеала. Јас се обидувам да направам чудо и да ги убедам Македонците дека е добро да станат луѓе, но не ми оди.
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжи денеска во Основен Кривичен суд Скопје во фаза на доказна постапка. Во текот на рочиштето, Палевски презентираше службени белешки од видео-докази од камерите на Хотел Романтик, кои, според неговото образложение, потврдуваат учество на три лица, а не четири во грабнувањето на Панче Жежовски.
Граѓаните и студентите во Нови Сад во текот на ноќта останаа пред влезовите на судските органи.
