Author: Marija Todorovska
Во Истанбул денеска треба да се одржат тројни средби на претставници на Турците, Американците и Русите од една страна, како и на Турците, Американците и Украинците од друга страна, јавија синоќа извори блиски до турското Министерство за надворешни работи.
Факт е дека грешки се направени во минатото за кои политичката цена ја плаќаме денеска, но тоа не значи дека цената треба да ја плаќаат и идните генерации. Излез мора да има, како што за секој проблем постои и решение.
Никогаш не помислиле дека летниот одмор ќе им заврши со трагедија, која нема да можат да ја заборават до крајот на нивниот живот. Таа летна ноќ во 2021 година ќе стане доживотен кошмар за брачниот пар Ш.Е. и В.Е. од село Арнакија.
Андреј Козирев: Би бил многу среќен ако грешам, но според мене тие се целосно губење време. Нема причина да се верува дека овие преговори, кој и да учествува во нив, ќе бидат крунисани со каков било успех. Единствениот начин Владимир Путин да биде обесхрабрен и всушност охрабрен на нормални преговори и размислувања за прекин на интервенцијата е да ја вооружи Украина до заби – како што рече американскиот претседател Доналд Трамп. Само украинската армија, украинската економија и силата на целата земја можат да бидат пречка за понатамошна агресија во Европа и продолжување на оваа војна. Но, токму тоа не се…
Северна Македонија заврши многу работа и затоа треба да останете на тој правец. Пристапниот процес е повеќе маратон, а не брза трка, тоа е напорен процес што понекогаш може да фрустрира, како што се случило и со сите претходни кандидати. Но сите тие ја постигнаа целта, секако и вие ќе ја постигнете целта но со вашата решеност, напорна работа и соработка, ќе успеете на крај со заобиколување на пречките, изјави претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.
Бројот на загинати од воздушните напади на Израел врз Газа е 82 во текот на овој ден.
Анкара: Турција воведува нов закон со кој ќе ги казнува патниците во авионот ако пред време го откопчаат безбедносниот појас и станат од своето седиште.
Дури и по 16-тиот обид, косовското собрание не успеа да се конституира. На денешната седница повторно не беше формирана Комисијата за тајно гласање за избор на претседател на Парламентот. Членовите на поранешните опозициски партии не предложија членови на изборната комисија и не гласаа за составот на комисијата, што доведе до одложување на седницата.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна во Анкара каде ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Бранко Тричковски: Ова не е авторитарно владеење, а не е ниту десен популизам, тоа се оценки кои произлегуваат од политичката шема, ја промашуваат суштината и ја нормализираат ненормалноста, туку е внатрешна окупација на лудаци, бараби, хохштаплери и сељаци, Македонци заостанати во развојот во меѓувоениот период, како материјална сила на идејата која е, внимавајте, дел од вистината за револуционерната борба против слободата односно за поинаква слобода од таа што ни е начукана во главите, со крајно токсични и деструктивни намери, во таа историска ситуација власта на вмро е фирма која со полициска придружба има налог да ја урне Македонија како бесправна…
До претседателот на Собранието Африм Гаши се уште не е пристигната оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, а нема пристигнато ниту предлог кој ќе биде координатор на пратеничката група на ВРЕДИ или кандидат за гувернер на Народната банка.
