Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Мицкоски алијас Вучиќ – индиго сликички од ТВ екраните

0
By Marija Todorovska on May 15, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 15, 2025 11:19

Зоран Иванов

Слика од екранот синоќа. Мицкоски на терен, пак нешто најавува со тоа нивното и неговото „ќе“.

Ќе се пуштало, ќе се градело или слично во неговиот автентичен манир исто како и Вучиќ во соседна Србија. Манир или партиска конструкција на владеење да не се симнува од ТВ екраните. Неговиот збор да се слуша. Само неговиот. Надлежен, не надлежен сеедно. Да го има по телевизиите, да го запоседне целиот етер. Ако може.

Пи-арот му стокмил купче новинари, репортери микрофони кои гладно чекаат пораките на премиерот да ги достават во своите редакции, кај нивните уредници овие исто онака по инерција да си ги објават, да ни ги пренесат во нашите домови, да се затвори пи-ар кругот за тој настан или за тој ден.

Уредниците и тие исто. Без прашања, без проверки, без толкувања на изјавите, новинарско уво ич не им чуе. Си налегнале како продолжен премиеров пи-ар па своите редакции како да си ги пререгистрирале во маркетинг агенции. Пропагандно си се подместиле онака голо пропагандно во името на премиеровиот дневен рејтинг.

Темата на вчерашниот ТВ прес од нога на премиерот е изборот на новиот прв човек или прва жена, сеедно, на Народната Банка на Република Северна Македонија.

Им објаснува премиерот на новинарите репортери онака препотентно самоуверено дека тој, внимавајте „Тој“ ја почнал постапката за изборот.

Ја отворил процедурата. Тој.

Уште и квалитативна оценки за кандидатите дава демек сите биле добри и секако си го премолчува својот единствен кандидат. Името на својот гувернер, засега, за ептен да не си претера со ненадлежноста, си дозволи да си го задржи во мислата.

И така им објаснува премиерот на новинарите како на темата се слушнал со претседателката на државата.

Дека ја потсетил дека се ближи рокот за изборот на гувернерот, дека таа треба да …

И не само со претседателката, туку и со спикерот на парламентот.

И нему му подрекол што тоа треба тој да направи.

Во камерите телевизиски им кажа на микрофоните телевизиски дека му кажал на собранискиот претседател на дваесетти овој месец да стави точка за гувернер зашто тоа бил последниот законски или уставен рок, не знам. Но важно знае премиерот.

И сега, ги гледаш ова нашиве национални телевизии, ги слушаш и не веруваш. Никој од новинарите ни да му бекне.

Никој да го праша или да му предочи дека се меша таму каде што не му е местото. Таму каде што надлежен не е.

За изборот на Гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија, премиер не е надлежен.

Надлежен е претседателот на државата и надлежни се пратениците во собранието кои на темата, преку спикерот, уставно и законски си се координираат со претседателот на државата.

Мицкоски еве, и низ овој пример, пак намерно ли ненамерно, сеедно, ја понижи претседателката. Ја исфрли од играта за избор на гувернер.

Што мерак да се владее тоталитарно. Над уставот, над законите и со узурпација на надлежностите во случајов на претседателката на државата која си ја третира како своја …

Како … . Ај, ќе премолчам.

Христијан Мицкоски владее со идентичен манир на Александар Вучиќ. Само што деновиве ја утна московската парада но дотаму уште не го дораснал.

Ама пак, како тргнал, галиба ќе дотурка и дотаму.

Важно да не се испозанесе премногу со надлежностите идентично како што тоа себеси си го приушти Вучиќ па бргу да се соочи со сопствениот политички зенит.

Со оној, де. Со оној како на Вучиќ. Со оној студентскиот.

                                                               

 

 

 

Гувернер Зоран Иванов Мицкоски Пи Ар Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.