Author: Marija Todorovska
Украинскиот претседател Володимир Зеленски продолжува да врши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин за да учествува на предложените разговори во Турција.
Оваа кривична пријава е дел од процесот на тотално растурање на институциите, на вредносните системи, на државата, на смислата на државата. Ова е акт на обездржавувањето не затоа што Македонија не би можела без Фрчкоски, туку затоа што ова е дел од процесот на требење на паметта, на науката, на јазикот, на способноста да се продуцира умен вишок на вредноста, што, всушност, е требење на смислата на македонскиот национален и државен проект како ѓубре.
Холандија и Данска се најдобрите две места за да се биде дете, земајќи ја предвид менталната благосостојба, физичкото здравје и вештините, покажа ново истражување објавено од детската организација на ООН, УНИЦЕФ денеска.
Брисел: Европската комисија ги прекршила правилата за транспарентност на ЕУ со тоа што го одбила барањето на новинар за пристап до текстуалните пораки меѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла за набавката на вакцини против Ковид-19 за Унијата, оцени денеска Основниот суд на ЕУ.
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ќе ги укине санкциите против Сирија, пред очекуваната средба со нејзиниот лидер Ахмед ал-Шара, јави Би-Би-Си.
Врховниот суд ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје против Васил Јованов со која тој беше осуден на три години и 10 месеци затвор за кривичното дело поседување и трговија со наркотици и предметот го врати на второстепениот суд на повторно постапување и одлучување.
Најмалку 65 луѓе загинаа, а десетици се повредени во израелските воздушни напади врз северниот и јужниот дел на Појасот Газа, пишува Al Jazeera.
Излегувањето на Арбен Таравари покажува и потврдува дека владината коалиција не функционира, без разлика колку пратеници има сега, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во емисијата „Отворено“ на телевизија 24.
Педесет и седум деца починале од последици на неухранетост за време на тековната блокада на Појасот Газа, изјави денеска Рик Пиперкорн, претставник на Светската здравствена организација (СЗО), цитирајќи го палестинското Министерство за здравство.
Скопје: Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело „измама“.
Неапол: Областа на супервулканот кај Неапол ја погоди земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала.
Сметам дека Судот не ги ценеше во доволна мера искреното каење и личноста на сторителот. Казната е превисока, изјави бранителот на Васил Јованов, адвокат Сашко Дуковски во изјава за медиумите пред Кривичниот суд Скопје, по објавувањето на пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
