Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Папаја на недостижноста за македонската раја!

0
By Marija Todorovska on May 14, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 14, 2025 11:03

Оваа кривична пријава е дел од процесот на тотално растурање на институциите, на вредносните системи, на државата, на смислата на државата. Ова е акт на обездржавувањето не затоа што Македонија не би можела без Фрчкоски, туку затоа што ова е дел од процесот на требење на паметта, на науката, на јазикот, на способноста да се продуцира умен вишок на вредноста, што, всушност, е требење на смислата на македонскиот национален и државен проект како ѓубре.

Бранко Тричковски

Најсериозното дело за кое може да н…е поранешниот амбасадор во Обединетите нации, е “исплата од касата на мисијата за поправка на службеното возило без согласност од мнр”.

Јас не сум правник, но вака од страна гледано, тоа ми се чини особено тешко дело.

За “пречекорување на дозволениот износ за мобилен телефон” може да добие десет години.

Судот ќе го праша професорот зошто кога Гутиереш му се зазборел на предметниот мобилен телефон, обидувајки се да најде решение за некој светски проблем, Фрчко не му рекол, извини Антонио, ми истече лимитот на телефонот, морам да прекинам.

А можеби и не бил Гутиереш.

Можеби била Ким Кардашијан?!

Тешко ќе помине и со “трошоците за репрезентација над дозоленото ниво”.

И за авиобилетите за смртен случај во фамилијата, платени од сметката на мисијата, но вратени од личните пари на професорот.

Макар што уредените држави тие работи ги плаќаат од буџетот.

За парите од продажбата на објект на СФРЈ добиен со сукцесијата, кои поради локалните прописи за гаранции, со одредена временска дистанца, се префрлени во буџетот, ќе биде забавно да се слушаат обвинителските напори од ш…..т на власта да извади трн.

И така натаму и така наваму, драги пријатели.

Професорот во последно време е медиумски доста активен и ја демонтира лажната слика за Македонија што ја сликаат аматерите на вмро, што кај јавноста наидува на извонреден одглас, а што чипираните идиоти оцениле дека сето тоа станува опасно за нив.

“Куклата од воздух”, што би рекол Харуки Мураками, демек човекот од мнр, чии мишелинки за дневна шминка трошат повеќе отколку вишокот за мобилен телефон на професорот Фрчкоски за три години, не ја покренуваат оваа рекордно смешна и истовремено трагична кривична пријава за да го однесат професорот в затвор, не, тие знаат дека и сваровското судство не би сакало да скокне во такви говна, туку работата е да се влече чивекот по судови и процеси, да се валка низ медиумските машини за мелење на здравиот разум и интелектуалните планини, да биде тема, да се отвори како на хируршка маса и да му се ѕирка во цревцата.

После ќе го ослободат.

Или ќе го осудат да го врати вишокот за телефонот и за репрезентацијата и за сервисот “над дозволеното ниво”, кој вешти лица ќе утврдат дека изнесува 300, 500 или 1.000 долари така што на лице место во Њујорк ќе проверат колку пари е штипска пастрмајлија или пица во некој подобар њујоршки ресторан и колку пари чини замена на ауспух за еден мерцедес во автомеханичарска работилница во Њу Џерси.

Плус три години, условно на пет.

Тоа е “Абу Граиб” на вморонски начин.

Без крпа на лицето и вода за гушење, без физичко с…..е по неговите дела и капки врел зејтин во едното, па во другото уво.

Чиста тортура.

Тоа ќе биде и убав, атрактивен дефокус од неверојатните вишоци г…а, над сите дозволени нивоа, со кои власта ја усмрдува Македонија и ја претвора во безопасно јаловиште. И, истовремено, порака до последните остатоци од слободоумноста, демек, со кого си имаат работа.

Тоа е, почитувани.

Оваа кривична пријава е дел од процесот на тотално растурање на институциите, на вредносните системи, на државата, на смислата на државата. Ова е акт на обездржавувањето не затоа што Македонија не би можела без Фрчкоски, туку затоа што ова е дел од процесот на требење на паметта, на науката, на јазикот, на способноста да се продуцира умен вишок на вредноста, што, всушност, е требење на смислата на македонскиот национален и државен проект како ѓубре.

Не, не претерувам, не се секирајте.

Премиери, министери и други политички термити, кои на светски турнеи ги носат сопругите, децата и другарите од гимназија и војска кои сега се началници и директори, јасно покажуваат дека ако Македонија купува авион тоа мора да биде Ербас А380-800Ф, оти сите други не можат да соберат дури и некоја помалубројна владина делегација на прекуокеанските патувања за одбрана на националните интереси и за подобрување на животот на граѓаните и селаните.

Мислам, вишокот над дозволеното ниво на здравиот разум.

На сељаците посебно.

Башка процесот против Фрчкоски е убава порција папаја за македонската раја жедна за малку мака на недостижноста.

Што да се каже за оваа финале?

Јас мислам дека “куклата од воздух” и неговите шефови се з…..е и дека целата операција ќе заврши со тежок пораз на власта.

Од Фејсбук ѕидот на авторот 

Бранко Тричковски Фрчковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.