Author: Marija Todorovska
Зеленило на хартија – Од 34 општини, ГУП-овите на 22 не го исполнуваат стандардот за зелени површини
Од 34 општини со седиште во град само две општини (Град Скопје и Општина Охрид) имаат донесено стратегии за развој на зеленилото, Зелен катастар во форма на ГИС[1] портал имаат три општини (Град Скопје, Кавадарци и Охрид), а 18 општини не ја испочитувале обврската за донесување на годишни програми за подигање и одржување на зеленилото, што укажува на немање долгорочна визија, цели, активности и индикатори за следење на урбаното зеленило на локално ниво, стои во извештајот.
Во либиската престолнина Триполи избувнаа жестоки судири, при што Министерството за внатрешни работи на Владата на национално единство апелираше до граѓаните да останат во своите домови.
Келн: Работниците во фабриките на американскиот производител на автомобили Форд во западногерманскиот град Келн ќе штрајкуваат за прв пат во историјата во знак на протест против планираните намалувања на работни места, соопшти денеска синдикатот IG Metall.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека го почитуваат и поддржуваат уставно загарантираното право на протест, по денешното протестирање на Независниот синдикат на полицијата во Скопје.
Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска одржа протест во Скопје на кој беше побарано да се почитува Законот за минимална плата и основната плата во полицијата да биде најмалку колку минималната плата. Се бара и воедначување на судската пракса на целата територија на државата и спроведување на судските постапки во законски предвидените рокови.
Средните училишта од Штип веќе знаат каде матурантите ќе ја полагаат државната матура, односно во кои простории и амфитеатри на Универзитетот „Гоце Делчев“, истакна денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска која одговараше на прашање за подготовката на полагање на државната матура во Штип и во училиштата низ цела држава.
За пола месец се случија 4 убиства. Две убиства со пиштол во Скопје и Штип, едно убиство со нож во Шуто Оризари и едно убиство со секира во кичевско Србјани. Едно „убиство во обид“ со метален капак од шахта во Скопје.
Портпарол на Европската комисија денеска изјави дека доколку Русија продолжи со нападите врз Украина, нема да има можност за мировни преговори. На прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања, тој нагласи дека Европската Унија ќе продолжи да врши притисок врз Москва и не ја исклучи можноста следните европски санкции да го опфатат гасоводот „Северен тек“.
Српските студенти кои попладнево треба да пристигна во Брисел како дел од штафетниот маратон „Од Нови Сад до Брисел – Патување од 1.950 километри за правда“ в четврток ќе се сретнат со еврокомесарката за проширување Марта Кос и со еврокомесарот за демократија, правда и владеење на правото Мајкал Мекграт, соопшти портпаролот на Европската комисија за проширување, меѓународни партнерства и Медитеранот, Гијом Мерсие.
Во Основниот суд во Тетово денеска се одржаа завршните зборови на Обвинителството, одбраната, обвинетите и правните застапници на оштетените семејства во рамки на повторниот судски процес во кој обвинети се двајца директори и тетовската болница во врска со пожарот во модуларната болница на 8 септемврри 2021 година при што животот го загубија 14 лица. Директорите Флорин Бесими и Артан Етеми и ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, како правно лице се обвинуваат за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“.
Новиот папа Лав Четиринаесетти повика на ослободување на новинарите затворени низ целиот свет.
Селадин Џезаири: Ако заминувањето на Алијанса за Албанците на д-р Арбен Таравари го сметаме за завршена работа, тогаш оваа владина коалиција ќе се соочи не со предизвици, туку со сериозни проблеми: г-динот Мицкоски сè уште не е предизвикан од никого за неговите апсолутни победи во изминатата година, и на претседателските и на парламентарните избори. Сепак, текот на неговиот владин кабинет остава многу простор за подобрување кога станува збор за прашања поврзани со Албанците. Извор: Фронтлајн
