Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Српските студенти кои ќе пристигнат денеска во Брисел ќе се сретнат со Кос и Мекграт

0
By Marija Todorovska on May 12, 2025 ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: Скриншот Н1
Фото: Скриншот Н1
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 12, 2025 13:55

Српските студенти кои попладнево треба да пристигна во Брисел како дел од штафетниот маратон „Од Нови Сад до Брисел – Патување од 1.950 километри за правда“ в четврток ќе се сретнат со еврокомесарката за проширување Марта Кос и со еврокомесарот за демократија, правда и владеење на правото Мајкал Мекграт, соопшти портпаролот на Европската комисија за проширување, меѓународни партнерства и Медитеранот, Гијом Мерсие.

Одговарајќи на новинарско прашање со кого ќе се сретнат студентите откако тие наводно одбиле да бидат примени од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, затоа што, според нив, таа е „на страната српскиот претседател Александар Вучиќ“, Мерсие рече дека ЕК неколку пати јасно ја искажала својата позиција во однос на актуелната состојба во Србија.

Разговараме со сите и тоа е пораката што еврокомесарката Кос ќе им ја пренесе на студентите и ќе ги сослуша нивните барање и пораки. Ние сме посветени на соработка со сите што сакаат да работат на пристапниот пат кон ЕУ и на спроведување на реформите, рече Мерсие.

Во врска, пак, со присуството на Вучиќ, но и на словачкиот премиер Роберт Фицо на воената парада во Москва во петокот, портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер изјави дека Русија ја користи прославата на годишнината од завршувањето на Втората светска војна за пропаганда и оправување на својата инвазија врз Украина.

-Од таму, од наша страна ние секогаш ќе се воздржуваме од давање легитимитет на агресијата и ќе останеме единствени, рече Хипер.

Брисел Вучиќ Србија студенти Урсула фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.