Author: Marija Todorovska
Најголемата конклава во историјата на Католичката црква треба да продолжи денеска, кога би можеле да се одржат четири круга гласање, бидејќи новиот папа не беше прогласен вчера, како што се очекуваше, по едно гласање.
Украинските власти рано утрово објавија нови бомбардирања и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Земјите што ја освоија Втората светска војна во 1945 година денеска ја одбележуваат 80-годишнината од нејзиниот крај, попозната како Ден на победата во Европа, со паради и разни други настани.
Членки на католичка женска група запалија факели со розов чад на ридот зад Ватикан во знак на протест против родовата нееднаквост во Црквата, неколку часа пред кардиналите да се соберат на конклава во Сикстинската капела за избор на нов папа.
Новата германска федерална влада, предводена од канцеларот Фридрих Мерц, одлучи значително да го намали бројот на комесари, специјални претставници и координатори. Меѓу позициите што ќе бидат укинати е и функцијата на специјалниот пратеник на германската влада за Западен Балкан.
Кардиналите-избирачи влегоа во Сикстинската капела, каде наскоро ќе започне конклавата за избор на 267-миот папа, објави АНСА.
Косовските пратеници не успеаја да ја завршат конститутивната седница, што почна на 15 април, ниту по дванаесетти пат, поради несогласувања помеѓу најголемите партии.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пристигна во Москва каде ќе присуствува на прославата на Денот на победата на фашизмот.
Хелсинки: Борбен авион „Хорнет“ на финските воздухопловни сили се урна во близина на аеродромот Рованиеми, во северна Финска околу 11 часот по локално време, соопштија финските воздухопловни сили. Тие додадоа дека пилотот успеал да се катапултира и дека неговата локација е утврдена.
Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое се одобрува во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“, по што оформен е кривично – правен предмет, кој преку АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија.
За тоа дали власта ќе го повтори успехот на локалните избори од пред 4 години ќе влијаат секако општите состојби во земјата. Економските неприлики се секако многу значајни а тие се влошуваат од ден на ден. Коалициските клоцања меѓу владините коалициони партнери се посебна приказна а на крајот тука се еден куп на скандали што едноставно го нервираат јавното мислење. Луѓето како да велат – е баш ми се гласа! Да го видиме најпрвин првиот фактор за народното нерасположение.
Тринаесет Палестинци се убиени во израелски напади врз училиште во северниот дел на Појасот Газа, во кое биле сместени раселени семејства, објавија локалните здравствени власти. Ова се случува во време на континуирано уништување на домови и згради од страна на израелските сили во јужниот град Рафа.
