Author: Marija Todorovska
Светската трговска организација (СТО) значително ја намали прогнозата за глобалната трговија со стоки, предвидувајќи пад од 0,2 отсто оваа година поради негативните ефекти од американските царини.
Истанбул: Меѓународниот аеродром „Истанбул“ ќе биде првиот во Европа на кој истовремено ќе се одвиваат слетувања и полетувања од три одделни писти, благодарение на воведувањето на специјален систем за управување со воздушниот сообраќај, изјави синоќа турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу.
Рим: Велигденските богослужби во Ватикан ќе ги предводат неколку кардинали, а папата Франциск, кој се опоравува од болест, нема да учествува на мисите, соопшти прес-службата на Светата столица.
Студентите во блокада на високообразовните институции во Белград испратија доцна синоќа писмо до Одборот за култура и информирање во кое ги известуваат дека блокадата и протестот пред РТС ќе продолжат се додека не објават јавен повик за избор на членови на Советот на РЕМ (регулаторно тело за електронски медиуми).
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. ДКСК препорачува да се преиспита членот што ја регулира обврската за објавување на целокупната документација за јавните набавки согласно Законот за јавни набавки кој предвидува објавување релевантни документи, како и да се допрецизира постапката за констатирање престанок на функцијата на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и неговиот заменик.
Со одлука на Владата, Петар Богојески е именуван како директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Еразмус +) и треба да ја преземе функцијата на 15 мај 2025 година. Мрежата за заштита од дискриминација бара повлекување на одлуката за именување на Петар Богојески како директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, поради неговите изјави со вознемирувачки говор, навреди и говор на омраза, како и постапки кои се спротивни на европските вредности.
Најголемиот број поднесени претставки до Народниот правобранител минатата година (408 или 15,08 проценти) биле од областа на граѓанските состојби, каде се констатирани најголем број повреди, особено со издавањето на пасошите што беше проблем за македонските граѓани во првата половина на 2024 година.
По објавувањето на интернет, значајната публикација „Одбрана на демократијата и човековите права – извештај и препораки за политики“ сега е достапна и во печатена форма. Овој документ од 200 страни обезбедува храбри препораки за политики, критички согледувања и глобален повик за акција за демократијата во време на војна, национализам и авторитаризам.
Велат ова не е само морален пад на еден функционер – ова е вистинското лице на една власт што не знае што значи одговорност.
Програма и билети: https://t.ly/MajskiOperskiVeceri2025
Скопје: Грејната сезона завршува денеска, но од Регулаторната комисија за енергетика велат дека на дневно ниво се следат температурите и доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија.
Со донесувањето на три последователни измени во законите за основно и средно образование, без јавна дебата и без вклучување на експерти и млади, се озаконува дискриминација, се поттикнува говор на омраза, а темите за родова еднаквост, сексуално и репродуктивно здравје, и психолошка поддршка систематски бришат од образованието. Изменетите закони, и покрај зголеменото насилство, не препознаваат емоционално, психичко и сексуално насилство, туку се фокусираат само на физичко насилство. Потребен е фокус на системски превентивен пристап, преку образование кое ќе води кон здрави и безбедни млади, кои ги прифаќаат меѓусебните разлики и се грижат за себеси и за другите, заради постигнување колективна…
