Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светската трговска организација предупредува за голем пад на трговијата

0
By Marija Todorovska on April 17, 2025 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: Pixabay
Фото: Pixabay
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 17, 2025 10:07

Светската трговска организација (СТО) значително ја намали прогнозата за глобалната трговија со стоки, предвидувајќи пад од 0,2 отсто оваа година поради негативните ефекти од американските царини.

Таа прогноза претставува остар пресврт од претходно проектираниот раст од 3,0 проценти, додека организацијата предупредува дека трговијата може да го доживее најголемиот пад од 2020 година, кога светот беше погоден од пандемијата на коронавирус.

СТО соопшти дека новата проценка се заснова на тековните трговски мерки, вклучително и високите царини наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп за челик, автомобили и производи од Кина.

Многу сум загрижен поради намалувањето на глобалната трговија со стоки. Овој пад има значителни импликации за поширок економски раст, ​​рече генералната директорка на СТО, Нгози Оконџо-Ивеала, предупредувајќи дека трговската несигурност може да влијае на глобалните финансиски пазари и економските сектори.

Според проценките, трговијата со стоки меѓу САД и Кина би можела да падне за 81 отсто, а без исклучоци за одредени производи, падот би можел да достигне и до 91 проценти.

Доколку дојде до целосно раздвојување, тоа може да доведе до фрагментација на глобалната економија, намалувајќи го глобалниот БДП за седум отсто на долг рок, предупреди Оконџо-Ивеала.

Иако трговијата со услуги не е директно засегната од тарифите, СТО предвидува дека падот на трговијата со стоки може негативно да влијае на секторите како што се транспортот, логистиката и туризмот.

Трговијата со комерцијални услуги се очекува да порасне за четири отсто оваа година, под претходните проценки.

економија Пад светска трговска организација трговија царини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.