Author: Marija Todorovska
Лима: Перуанскиот писател Марио Варгас Љоса, добитник на Нобеловата награда за литература, почина вчера на 90-годишна возраст, објави неговото семејство на мрежата „Икс“.
Скопје: Во изминатиот викенд во засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 2324 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Агенцијата за национална безбедност (АНБ) првпат од своето основање објави јавен оглас за вработување.
Париз е град што ако не можеш да си дозволиш да живееш во него, мора да се посети уште еднаш, и уште еднаш, и уште еднаш…
Македонските граѓани во 2024 година со своите платежни картички во странство потрошиле за онлајн пазарење 284.4 милиони евра во 7.4 милиони трансакции, купувајќи производи и услуги посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. Во однос на 2023 година Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2024 година потрошиле 45.4% повеќе додека бројот на е-трансакциите е зголемен за 61.4%, покажува анализата на Асоцијацијата за е-трговија – АЕТСМ изработена врз база на објавените податоци од Народната банка.
Од ЗОО Скопје информираа дека денеска гиналага јагуарката Инес која имала 22 години. Ова беше единствениот јагуар во зоолошката. За жал Инес во длабока старост не ја издржа битката со најлошата болест. Денеска не напушти, борејќи се со метастазиран канцер и тумори на повеќе органи Изминатиот период заедно со Факултетот за ветеринарна медицина направиме се што може за подобрување на благосостојбата на јагуарката и олеснување на здравствените проблеми преку стручни прегледи, анализи и компјутерска томографија до лекување на оваа страшна болест која одзема милиони жртви годишно, како кај луѓето, така и кај животните. Јагуарката Инес имаше 22 години, а просечниот…
Основниот суд Кочани денеска ги прифати предложените мерки за новосомничените лица во проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“ што ги побара Обвинителството. – Добиени се 18 барања, за четири лица е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, за шест лица куќен притвор согласно член 163 и мерки за претпазливост согласно член 146 од Кривичниот законик, а за осум лица е изречена мерка за претпазливост согласно членот 146. Сите имаат право на жалба во законски рок, во зависност од мерката што им е одредена, од 24 часа до 72 часа.
Двомоторен авион со шест патници се урна во калливо поле на северот од американската држава Њујорк, соопштија локалните власти.
Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата, бидејќи досега нема ниту еден доказ дека од него било побарано продолжување на лиценцата на објектот на клубот „Пулс“ во Кочани, информира државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски на денешната заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој прецизира дека досега е поведена истрага кон 45 физички и три правни лица. Едно од физичките лица во меѓувреме почина и против него истрагата ќе биде прекината. Дополнително, како што кажа, се води истрага и против седум полициски службеници. Порача дека истрагата ќе биде максимално ефективна и ќе ги даде посакуваните ефекти.…
Зоран Иванов: Фатив на вести на српската Си Ен Ен дека дечките студенти демократи и слободари протестно возат за Стразбур и дека вечерва стасале до Салзбург. А нашиве, нашиве шови медиуми молк за српскиот студентски бунт. Молк, а ваму за демократитски и антитоталитарни процеси, а за демократски битки. Но излегува демократи да ама ако не се демократите српски. Или на некоја друга цела нација што едноставно поради некого или поради нешто, ич не им се бендисува. Така топтан не им прават ќеиф цели народи. Космоплити демек. А просто е. Или си либерал или си шовинист. Секој тоа може да си…
Бранко Тричковски: Телевизиите мораат да им бидат одземени на сопствениците, а сопствениците морат да завршат в затвор. Тие се масовни трујачи на овој народ.Тие го урнисаа народот. И поради тоа тие мораат да проведат повеќедецениски период в затвор, да не кажам доживотно. Или, додека се способни да работат мора да им се обезбеди физичка работа во затворот каде апсолутно, освен работа, задолжително ќе мораат да ги гледаат и програмите што ги правеа. И со кои намерно го заглупавуваа народот. Тричковски декларира апсолутна поддршка на професорот Јово Бакиќ за неговите видувања за радикална трансформација на системот на јавното информирање во Србија…
