Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Притвор од 30 дена за четири лица, домашен притвор за шест за пожарот во Кочани

0
By Marija Todorovska on April 13, 2025 ВЕСТИ
Фото: Скриншот МИА
Фото: Скриншот МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 13, 2025 19:46

Основниот суд Кочани денеска ги прифати предложените мерки за новосомничените лица во проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“ што ги побара Обвинителството.  – Добиени се 18 барања, за четири лица е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, за шест лица куќен притвор согласно член 163 и мерки за претпазливост согласно член 146 од Кривичниот законик, а за осум лица е изречена мерка за претпазливост согласно членот 146. Сите имаат право на жалба во законски рок, во зависност од мерката што им е одредена, од 24 часа до 72 часа.

Сите 19 новосомничени лица, како и претходните 27 физички и три правни лица, за кои беше поведена истрага, се осомничени за „Тешки дела против општата сигурност“ од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Истражни постапки има и против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани.

Од новоосомничените, тројца се овластени градежни инспектори во Општина Кочани, тројца директори на Дирекција за заштита и спасување покрај претходно еден директор кој е веќе во постапка, еден генерален инспектор во Дирекција за заштита и спасување, тројца министри за економија, три службени лица во Министерство за економија, двајца државни секретари во Министерството за економија  и четири пазарни инспектори во ДПИ.

 Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата, бидејќи досега нема ниту еден доказ дека од него било побарано продолжување на лиценцата на објектот на клубот „Пулс“ во Кочани, рече  државниот јавен обвинител  Љупчо Коцевски на новинарско прашање, на денешната прес-конференција.

Едно лице од 19-те новосомничени во моментот на отворање на истрагата беше надвор од државата, а министерот за внатрешни работи Панче  Тошковски денеска на прес-конференција рече дека очекува за кратко време да биде достапен на институциите во земјава и амбасадорот во Норвешка и поранешен министер за економија Дритон Кучи кој е надвор од државата, а кој е еден од 19-те новоосомничени во проширената истрага за пожарот во дискотеката во Кочани.

 Согласно она кое што го кажа лицето кое го споменавте, очекуваме дека истотото за крако време ќе биде достапно на институциите во Македонија, изјави Тошковки на новинарско прашање дали има информација кога се враќа во земјава амбасадорот во Норвешка со оглед дека тој јавно се огласи и кажа дека се враќа во земјава со првиот авион.

Како што прецизира државниот обвинител, досега е поведена истрага кон 45 физички и три правни лица. Едно од физичките лица во меѓувреме почина и против него истрагата ќе биде прекината.  Порача дека истрагата ќе биде максимално ефективна и ќе ги даде посакуваните ефекти.

Во изминатиот период, обвинителскиот тим кој е проширен на вкупно 13 јавни обвинители интензивно постапуваше и испитуваше повеќе линии на одговорност за пожарот во кој за жал животот го загубија 61 лице, меѓу кои шест деца, а беа повредени уште 197 лица од кои 25 деца. Покрај оние за кои постојат сомненија за директна одговорност како сопственици, управители, организатори на забавата, обезбедување во клубот на критичната ноќ и корисници на пиротехничките средства, се истражува одговорноста и на сите институции и службени лица кои со своите незаконити дејствија и пропусти во континуитет довеле до тоа кабарето „Пулс“ во Кочани од самиот почеток во подолг временски период па се до настанување на пожарот да продолжи да врши угостителска дејност без воопшто да исполнува законски услови за тоа и со нарушување на сите безбедносни правила по животот на лицата кои го посетувале објектот. Законските норми и надлежности за заштита на безбедноста се јасни и тие се донесени и мора да се почитуваат токму за да се избегне ваква катастрофа, рече Коцевски.

Истрага се води и против седум полициски службеници во постапката што ја отпочна Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција односно Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција за целосно утврдување на линијата на одговорност, за што јавноста ќе биде веднаш известена.

Коцевски најави и дека претстојат уште многу дејствија, распити и анализи, потенцирајќи дека истрагата ќе биде максимално ефикасна и ќе ги даде сите очекувани одговори за оваа трагедија.

Истрагата за случајот со катастрофалниот пожар од 16. минатиот месец мора да заврши за уште два месеци.

Коцевски пожар пулс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.