Author: Marija Todorovska
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната размена на Македонија со САД во 2024 година изнесувала нешто над 314 милиони долари, наспроти 320,7 милиони долари во 2023 година, што значи дека била помала за 2,1 отсто. Во 2022 година, вкупната трговска размена меѓу Северна Македонија и САД изнесувала 270 милиони долари.
Комплексот „Македонско село“ треба да биде отворено во јуни годинава, а нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“. Овој комплекс не работи веќе седум години.
Граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ најавува нов протест кој ќе се одржи во четврток во 18:00 часот, како продолжение на серијата јавни собири што изминативе два месеца повикуваат на суштински општествени промени и одговорност од институциите.
Судскиот совет ќе изврши увид во предметот за пресудата за 22-годишната Теодора Ристевска, која беше прегазена во сообраќајна несреќа во Тетово, откако најпрво семејството, а потоа и јавноста остро реагираше на двегодишната казна затвор за возачот во повторената постапка пред Основниот суд во Тетово.
Најмалку 98 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени откако се урна покрив во ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република Санто Доминго, соопштија официјални лица, објави Би-би-си.
Технолошкиот гигант Епл повеќе не е највредна компанија во светот, откако Мајкрософт вчера ја престигна, бидејќи инвеститорите реагираат на стравувањата од влијанието на огромните американски царини за кинескиот увоз.
Западниот дел на американската држава Тексас се наоѓа во растечка епидемија на сипаници со 505 пријавени случаи заклучно со вчерашниот ден.
Сигурно иницијативата не е исклучиво хрватско-албанска иницијатива. Таа иницијатива е обмислена во рамките на НАТО. Второ, во рамките на НАТО ние ќе имаме проширување на тој сојуз регионално, а ќе имаме и поддршка на самиот тој мини сојуз, така да го наречеме. Поддршка од придружни членки. И тоа сигурно ќе биде некоја од поголемите европски држави или посилните НАТО држави, која ќе даде импулс на еден таков сојуз.
Војо Маневски: Ќе бидеме ли сведоци на понатамошни средби со вклученост на сите релевантни политички партии и стручната јавност? Ако тоа не се направи и оваа средба ќе биде запаметена како уште еден од обидите да се прикаже дека нешто ќе се менува, ама само за да не се смени ништо. Ваквите општествени процеси бараат што е можна поширока општествена поддршка, но и минимум искреност од главните носители на процесите. Поимот искреност не е емоционална категорија, туку збир од постапки кои ќе се исцртааат во една покривка која секаде во светот се нарекува –општествена одговорност на носителите на јавни овластувања.…
Диана Тахири: Босна и Херцеговина се наоѓа пред сериозен тест – дали институциите на државата ќе имаат сила да ги спроведуваат законите подеднакво на целата територија, или политичката моќ и заштитата на структурите на ентитетите ќе продолжат да го уриваат државниот поредок? Секако, и Европската унија, којашто досега немаше некаква отсечна реакција за однесувањето на Додик, освен реакциите на Австрија и Германија, доколку набргу не реши како ќе настапи по ова прашање, ќе има дополнителна одговорност, покрај институциите на БиХ. Извор: ЦивилМедиа
Бугарскиот медиум bTV објави истражување со бизнисите на роднините на премиерот Христијан Мицкоски.
