Author: Marija Todorovska
Против Бугарија, но со бизнис во Бугарија.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека шест кинески војници се бореле на страната на Русија против украинските сили, а двајца од нив биле заробени во источна Украина.
Најмалку 15 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени откако рано утрово падна покрив во ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република, соопштија властите.
Власта на ДПМНЕ ги понижува работниците и ги гази нивните права. За прв пат, минималната плата беше договорена без социјален дијалог, без учество на синдикатите што резултираше со „зголемување“ од срамни 1.800 денари, рече на прес конференција потпретседателската на СДСМ, Кристина Костова.
Затвор во период од шест месеци до три години побара Главното обвинителство во Истанбул за 139 лица обвинети за „прекршување на забраната за собири и демонстрации“, објави ТРТ Хабер.
Уставниот суд утре на седница треба да одлучи по барањето за слободи и права поднесено од лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев, против поранешниот претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.
Народниот правобранител Насер Зибери упати честитка до граѓаните-припадници на ромската заедница кои живеат во Република Северна Македонија по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, со надеж дека нивната интеграција во општетството ќе продолжи со позасилено темпо во наредниот период.
Андреј Жерновски: Јавно го замолувам претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при својата посета на Брисел да лобира кај колегите од Партијата на европските социјалисти (ПЕС) и Социјалистите и демократите (СД) кои се на власт во своите земји, да го пратат својот министер за надворешни работи во посета на Македонија. Не гледам друг начин како поинаку да доживееме таква посета. Ние треба и мора да му помогнеме на Тимчо. Мораме, инаку ќе се прашуваме и понатаму што воопшто работи, освен што се гледа со сите резидентни и нерезидентни амбасадори во нашата земја. А и што друго да прави, кога никој не…
Со читање на писмените докази од страна на одбраната, денеска продолжи повторениот судски процес за обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми, и ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, како правно лице, кои се обвинети за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, а во врска со пожарот што на 8 септември 2021 година изби во модуларната болница во Тетово при што животот го загубија 14 лица.
Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, денеска ја потпиша одлуката за концесионер на комплексот „Македонско село“, кој е избран по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува и оперира Министерството за финансии.
Претставниците на европската автомобилска индустрија изразуваат голема загриженост за пошироките импликации на американските царини, особено поради ризикот од пренасочување на пласманот на возила од трети земји кон пазарите во ЕУ.
