Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костова: Нема поголеми плати за вработените во Култура, не се почитува Колективниот договор

0
By Marija Todorovska on April 8, 2025 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 8, 2025 14:36

Власта на ДПМНЕ ги понижува работниците и ги гази нивните права. За прв пат, минималната плата беше договорена без социјален дијалог, без учество на синдикатите што резултираше со „зголемување“ од срамни 1.800 денари, рече на прес конференција потпретседателската на СДСМ, Кристина Костова.

Костова рече дека истовремено, власта не го почитува ниту општиот Колективен договор – не ги зголемува платите во јавниот сектор за предвидените 12,5%.

И вработените во Култура се соочуваат со истите понижувања. Се чекаат некакви „насоки“ од Министерството за култура, како да станува збор за доброволна акција, а не за законска должност, посочува Костова.

Информираше дека власта ја одолговлекува исплатата на законското зголемување според Општиот Колективен договор за јавен сектор. Тој колективен дговор беше потпишан во 2019 година, во време на СДСМ со што платите во културата ги зголемивме за 53%. Со промената на власта покачувањата на платите се запрени.

Изговорите се апсурдни, тенденциозни и далеку од правни – лични желби и тивки одлуки на поединци го диктираат стандардот на оние што ја градат културната сцена на оваа држава. Наместо јасна поддршка – нова доза понижување на вработените во културата.Во дел од институциите под надлежност на министерството за култура веќе се доставени насоки што директно го прекршуваат Колективниот договор, а платите ќе бидат пониски дури и од тие исплатени во февруари. Иронично, само затоа што не се усогласени со растот на минималната плата иако и тоа е законска обврска. Ова не е само беззаконие – ова е казнување на културата, рече на прес конференција потпретседателката на СДСМ.

За крај таа рече дека од СДСМ бараат итна реакција Министерството за култура да постапува според закон, а не според лични инструкции.

 

Костова култура плати СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.