Author: Marija Todorovska
Тетово: Татко и ќерка се полесно повредени откако излетале со автомобилот во водите на реката Вардар во близина на тетовски Челопек вчера околу 19 часот и 40 минути. Случајот бил пријавен во тетовската полиција.
Водостојот на повеќето реки низ државата е над просекот за април, покажуваат дневните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
Вчера немаше “лидерска средба”. Еден лидер недостасуваше. “Лидерот на опозицијата”, која по поведението, а не декларативно и по автоматизам е опозиција. И средбата беше моноетничка, не затоа што на неа немаше Албанци, туку затоа што отсуствуваше вистинскиот лидер на опозицијата кој што е Албанец.
Почина пациент од пожарот во дискотеката во Кочани, кој беше испратен на лекување во Литванија. Тој е 60-тата жртва во трагедијата во Кочани.
Драган Мишев Глумеше обвинител, судија, шпицен градоначалник, полицаец, примариус доктор, не се симнуваше од екраните, секој ден по два.три преса. Се чинеше дека излегува и од фрижидер, фиока, гардеробер, ма и од шише пиво кога ќе отворите…и мудруваше, се закануваше, влечеше за учи, влегуваше во домовите, ги учеше новинарите како да поставуваат прашања, а сега се прави на Тошо. Не е знајал за најновата одлука на Трамп. Бил во теретана. Ги нема ни да гукнат ниту разноразните катеблажевски, шишмиши, јорданки, кикифрики… што го глорифицираа неговото епско патување во Вашингтон, кога се сретна и се поздрави со Крис Павловски, и ја…
Во Владата заврши средбата меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче. Во изјавата по средбата Филипче оцени дека разговорот бил конструктивен како и дека тие се договориле да бидат формирани работни групи кои ќе работат на реформската агенда во делот на правосудството, енергетиката и здравството. Претходно, Мицкоски, на социјалните медуми кусо напиша: Средба каде разговараме за актуелните случувања, и од која сакам да се знае дека одговорност, мудрост и чесност и се повеќе од потребни на Македонија. Средбата се одржа на иницијатива на Филипче кој на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ му го образложи неговиот план…
Од почеток како министер за економија и труд сум барал од Државната ревизија да направи контрола на институцијата и да видиме што наследувам. За жал, четири дена пред трагедијата во Кочани, ДЗР е во Министерството за економија и ги прави анализите. Морално, сум чист. Сум направил ад-хок ревизија и сум побарал од надлежните органи да дојдат и да ја видат работата што е направена во Министерството за економија, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Тошковски, кој одговараше на прашања поврзани со пожарот во Кочани, рече дека истрагата е во тек, и оти допрва ќе се знае колку лица ќе бидат опфатени од процесните дејствија од обвинителството и МВР.
Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашање од пратеникот Блерим Беџети од ДУИ, истакна дека Јавното обвинителство ќе се произнесе во следниот период за истрагата за пожарот во Кочани и истакна дека во изјавите никогаш не се изразил за да осуди некого. Апелира да се почека на исходот и тогаш да се направи заклучок дали имало селективност или не и дали некој друг функционер ќе биде осомничен.
Турската полиција денеска приведе 11 лица поради повикување на еднодневен бојкот на продавниците, како дел од протестот против апсењето на главниот ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавија државните медиуми.
Во однос на одлуката на САД за царинските трошоци, за нас станува збор за очекувана одлука на американската администрација, која не ја одмина ниту една земја во светот – дури ни Велика Британија, Канада, Европската Унија и уште стотици други држави, соопштија поладнево од Владата во врска со објавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за речиси цел свет, меѓу кои и 33 отсто за македонскиот извоз.
