Author: Marija Todorovska
Од денеска над 340.000 пензионери ќе земаат повисоки пензии за 2500 денари.
Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година.
Париз: Судот во Париз денеска ги прогласи за виновни поради проневера на јавни средства лидерката на француската екстремна десница Марин Ле Пен и осум пратеници од нејзината партија Национален собир (РН).
Белград: Владата на Србија ја усвои Регулативата за утврдување просторен план за подрачје за посебна намена на инфраструктурниот коридор на нафтоводот од границата со Унгарија до Нови Сад во должина од 113 километри, јавија српски медиуми.
Во Србија денеска треба да почнат консултации за формирање нова влада при што покана е испратена до сите парламентарни партии.
Хунтата во Мјанмар денеска соопшти дека во земјотресто загинале повеќе од 1.700 луѓе, а 3.400 се повредени. Поради големиот број на жртви во земјата е прoгласена седумдневна жалост.
Полицијата ноќеска во 3:10 часот го лишила од слобода Б.М.(61) од село Речане, кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово.
Протестна прошетка „Кампањата на насилство мора да престане!“ ќе се одржи денеска во градови низ Србија во знак на поддршка на универзитетската заедница поради се почести закани, вербални и физички напади врз нејзините членови. Таа акција ќе се одржи откако вчера на протест во Ниш беше нападната и повредена со нож деканката на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш, Наталија Јовановиќ.
Скопје: По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со поминат рок, иснепкциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Министерството за внатрешни работи извршиле претрес на домот на возачот на возилото. Пртитоа пронашле 34 пакети со т.н. флипс производи и 35 пакети оризови барови со различни вкусови, грицки и други кондиторски производи во количина од 250 килограми. Утврдено е дека пронајдените производи се со поминат рок по што, како небезбедени, биле одземени од инспекциските служби на АХВ.
Студенти од Универзитетот во Нови Сад в среда најавија дека тргнуваат на велосипедско патување до Стразбур, со цел да го свртат вниманието поради недоволната реакција од надлежните институции во Србија, кои, според студентите, се обврзани да дејствуваат по сите немили настани што се случиле во државата од 1 ноември,лани.
Општините во Скопје спроведуваат инспекциски контроли за противпожарна безбедност во станбените згради, откако управителите и заедниците на станари добија задолжение да достават информации за неопходната опрема. Пријавени се бројни нерегуларности како украдени противпожарни црева, неисправност на хидрантската мрежа и попречени евакуациски излези.
