Author: Marija Todorovska
По повод 31 март, Меѓународниот ден на видливоста на трансродовите лица, иницијативата ТрансФормА порача:
Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за Ен-би-си (НБЦ) изјави дека е „многу изнервиран“ и оти е „бесен“ на рускиот претседател Владимир Путин и се закани дека ќе воведе нови царини на руската нафта.
МВР соопшти дека е лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во Чаир.
Илјадници луѓе ширум светот вчера се одѕваа на повикот на Движењето „Да ја собориме Тесла“ (Tesla Takedown) и протестираа пред продажните салони за автомобили на компанијата Тесла, изразувајќи го своето незадоволство од политичкото влијание на Илон Маск.
Деканката на филозофскиот факултет во Ниш денеска беше повредена во напад на жена со нож и итно префрлена во Ургентниот центар.
Кучиња-трагачи и роботи се вклучени во потрагата по преживеани во Бангкок по земјотресот од 7,7 степени според Рихтер, што завчера го погоди Мјанмар, а кој беше почувствуван и предизвика пустош во Тајланд, соопштија градските власти. Тие наведоа дека првите знаци на напредок се појавуваат на почетокот на третиот ден од силниот земјотрес.
Училиштата се безбедни, децата се на сигурно. Она што треба да го направат е засилено да учат, порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека зголемување на платите во образованието од седум проценти ќе има во април и оти тоа, покрај за наставниот кадар, ќе важи и за сите вработени во основните и средните училишта.
Демонстранти се собраа вчера пред салоните за автомобили на компанијата „Тесла“ во неколку американски и европски градови, протестирајќи против отпуштањата од работа, што ги спроведува американскиот Оддел за владина ефикасност предводен од Илон Маск.
Со летниот распоред на летање што стапи на сила на полноќ од Скопскиот аеродром ќе летаат 16 авиокомпании до 47 редовни дестинации, а три ќе сообраќаат со 10 чартер летови. На 2 април стартува летот на „Изиџет“ до Меѓународниот аеродром Скопје од аеродромот Орли во Париз, а од 3-ти мај, „Виз ер“ од Барселона и Лион. Од Охридскиот аеродром, пак, шест авиокомпании ќе летаат на седум редовни линии, а ќе има и чартер лет од Манчестер.
Во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што завчера го погоди Мјанмар, а кој беше почувствуван и во Бангкок и предизвика пустош во Тајланд, 18 лица загинаа во Бангкок, објави денеска тајландската државна јавна телевизија ПБС, повикувајќи се на извори во спасувачката служба во тој град.
