Author: Marija Todorovska
Во Тетово се одржа марш и јавен протест на група граѓани по повикот на иницијативата „Нула“ за изразување револт поради голем број трагедии со цел да се побара одговорност. Граѓаните се собраа на плоштадот половина час по пладне, по што групата се движеше до зградата каде функционираат Основен суд во Тетово и Основното Јавно Обвинителство.
Денеска беше најавен студенсткиот пленум во 13 часот на платото на УКИМ. Независното студентско собрание вчера ги објави правилата и агендата за денешниот јавен настан.
СВР Скопје ги известува граѓаните дека вечер од 19 часот ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот во центарот на Скопје поради одржување протестен марш.
Хелсиншкиот комитет за човекови права во денешното соопштение апелира да се запре со говорот на омраза, особено на социјалните мрежи, но и во некои медиуми, како и замолчувањето на младите.
Додека револтот е сè поголем, протестите се помасовни во различни градови на Северна Македонија, владата се обидува да ги убеди граѓаните дека истрагата е во тек и сè уште не е завршена, а овој растечки граѓански револт го гледа како „дестабилизација“ – што може да ја разниша нејзината удобност во белиот дворец на улицата Илинденска без број.
Во Основниот кривичен суд денеска со прашања на Судот завршува сослушувањето на Велибор Манев, еден од обвинетите за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, по што се очекува да продолжи со сведочење на Боре Видевски. На денешното рочиште, Манев во одговори на прашања од Судот, генерално, ги повтори деталите околу грабнувањата и убиствата на Вања и Панче кои ги изнесе на минатото рочиште.
По добиено известување од Министерството за внатрешни работи дека во скопската населба Маџари, диво работи магацин за храна, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со полицијата спроведе вонреден инспекциски надзор во див објект каде била складирана храна од животинско и од неживотинско потекло.
По сите направени испитувања, денеска од јавните здравствени установи во Скопје се очекува да бидат испишани 16 пациенти од трагедијата во Кочани. Како што најави министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција, тие ќе продолжат со лекување во домашни услови. Триесет пациенти ќе продолжат да се лекуваат во јавните здравствени установи во главниот град на државава.
Турските власти приведоа девет новинари кои во текот на ноќта известуваа за протестите во неколку градови против апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, соопшти денеска Синдикатот на турските новинари.
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека тим од пластични хирурзи ќе престојува во Кочани за пациентите кои ќе бидат на домашно лекување откако ќе се вратат од клиниките, да можат да ја добијат потребната поддршка и терапија, а притоа да не патуваат.
Трагедија се случила утринава со скопско Волково. Кираџија со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел, а го повредил и неговиот малолетен син, по што се самоубил, пренесува Слободен печат.
Демонстрантите кои се противат на апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, четврта ноќ по ред одржуваат протести во тој град, во Измир и турскиот главен град Анкара.
