Author: Marija Todorovska
Во пожар во дискотека во Кочани животот го загубија 59 млади лица, а над 140 настрадани се згрижени во земјава и странство.
Тројца критично повредени во пожарот што избувна во ноќен клуб во Кочани синоќа беа пренесени во Турција со медицински авион на турското Министерство за здравство.
По трагичниот настан во дискотеката во Кочани, во кој животот го загубија над 59 лица, а над 100 се хоспитализирани, на социјалните мрежи се шири повик за протест.
Денеска во 12 часот на платото на УКИМ ќе се одржи заедничко оддавање почит и изразување поддршка за жртвите на трагичниот пожар во дискотеката “Пулс” во Кочани, објавија од Универзитетското студентско собрание.
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши вечерва е повикан на информативен разговор во полициска станица, во врска со синоќешниот пожар во ноќниот клуб во Кочани. Ова го потврдуваат од МВР за МИА.
Во монструозната операција која се води сега за “контрола на штетата “(damage control) од ДПМНЕ и нивниот министер за внатрешни, а настаната од неверојатната трагедија која ни се случи на сите нас со смртта на 60-тина младинци/ки во нокниот клуб “Пулс” овие актери бесрамно се обидуваат уште малку па, да го обвинат за ужасниот настан Зоран Заев и Али Ахмети, како ми се чини ?
Љубомир Костовски: Или на Марина Доковска ѝ се запали некоја алармна светилка во студиото и таа се исплаши дека поминала некоја црвена линија што ја поставиле оние кои овој сервис (што треба да ѝ служи на јавноста) го сметаат за приватен, односно партиски билтен!? Треба тој прес на Чупеска сега во штабот на Тошковски да се преработи, обработи, да се најде одговор на она што евентуално ќе се пушти од СДСМ, ама во истиот миг да се одговори на него, каква што е праксата во МТВ веќе 15-16 години во континуитет! Линк
Ќе се разгледат и испитаат од страна на институциите сите аспекти и сите проблеми кои доведоа до оваа трагедија без скрупули кон никого. Ќе се испитаат аспектите на контрола и се она која јавноста оправдано го детектира, како проблем и предизвик на општеството. Јас сум одлучен и ќе постапувам одлучно. Ќе има решителни чекори и одлуки, ќе има чекори на кои јавноста не е навикната, но промените почнуваат од нас самите.
За објектот каде се наоѓа дискотеката во Кочани никогаш не бил побаран елаборат за противпожарна заштита, покажуваат документите од Дирекцијата за заштита и спасување.
Во болницата Папаниколау во Солун и во воените болници во Атина и Солун, ќе бидат хоспитализирани 18 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, брифираа грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина.
