Author: Marija Todorovska
На 8 Септември, Македонија го одбележува Денот на независноста. Овој државен празник ја симболизира борбата, стремежот и конечното остварување на сувереноста и самостојноста на македонскиот народ.
Најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка успеа да ја одбрани титулата на УС Опен откако во финалето ја совлада Американката Аманда Анисимова. Таа беше подобра во два сета со 2:0 (6:3 и 7:6(3)) за да ја освои првата Грен слем титула во 2025 година или вкупно четврта во кариерата. За нејзината ривалка Анисимова ова беше второ Грен слем финале во 2025 година и повторно е поразена.
Берлин: Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во Лаухринген, Југозападна Германија, во близина на границата со Швајцарија, соопшти полицијата, пренесува ДПА.
Утрово избувна пожар во зградата на Владата на Украина во центарот на Кијив.
Студентите во блокада на Универзитетот во Белград најавија за в понеделник протест под мотото – „Индексот е посилен од пендрекот“.
Минеаполис: Хеликоптер се урна во близина на аеродромот Ерлејк, кај градот Лејквил во американската сојузна држава Минесота, при што нема преживеани, соопшти локалната полиција.
Не дека Охрид, градот во кој, Синиша Станковиќ, го поминал поголемиот дел од животот, го заборавиле неговото дело. Охриѓани, меѓу другото, го прогласија за прв почесен граѓанин. За нив тој остана и повеќе од тоа – нивни сограѓанин. Веле Митановски Уште во Поканата, инаку, вредната и паметна директорка на Институтот д-р Орхидеја Тасевска, најави:“Настанот не е само прослава на годините, туку и сведоштво за децениската посветеност на науката, зачувувањето на природното богатство и трајниот дух на истражување кој живее во срцето на Заводот”. Формиран е во 1935 година, а од 1951 година, дотогашната Хидробиолошка, односно лимнолошка станица, прерасна во Завод,…
Медицинска помош во текот на синоќешниот пожар во фабриката Макпрогрес-Винчини побарале 16 лица, вели градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков. Тој посочува дека овие информации ги има добиени од ЈЗУ Здравствен дом Виница, а повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката.
Родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска излегоа на 21 протестен „Марш за ангелите“ низ улиците на Кочани. Тие и овој пат ја поминаа добро позната маршута, од „Паркот на Револуцијата“, Трговскиот центар и зградата на Општина Кочани, покрај Управата за јавни приходи и зградата на полициската станица до Основниот суд и Обвинителство, од када им се обратија на судиите и обвинителите во врска со постапката за оценка на обвинителниот акт за трагедијата во „Пулс“.
Пожар избил попладнево во фабриката „Макпрогрес“ во Виница, посебно позната по производите од брендот „Винчини“. Пожарот го зафатил магацинот и неколку производни погони, информираат од Центарот за управување со кризи.
За вечерва низ цела Србија се најавени нови протести како одговор на полициската бруталност синоќа на протестите во Нови Сад. Полицијата е се уште на кампусот – распоредени се пред Ректоратот и Филозофскиот факултет.