Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечерва низ Србија протести под мотото „Со ’рбет против насилството“

0
By Marija Todorovska on September 6, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 6, 2025 20:27

За вечерва низ цела Србија се најавени нови протести како одговор на полициската бруталност синоќа на протестите во Нови Сад. Полицијата е се уште на кампусот – распоредени се пред Ректоратот и Филозофскиот факултет.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека 13 полицајци се повредени и дека вкупно 42 лица се приведени.

Студентите во блокада наведуваат дека инцидентите биле инсценирани и дека дејствијата на полицијата биле однапред планирани, а не реакција на настаните.

„Оние кои го нарачаа синоќешниот варваризам се свесни дека институционалното решавање на кризата би ги довело до доживотен затвор и се подготвени да ја жртвуваат Србија за да се спасат себеси“, нагласија студентите во блокада  ден по полициското насилство во Нови Сад.

„Се гледаме повторно. Се чини дека сè уште сме премногу. Ќе одговарате. Ќе одговарате. Ќе одговарате. 6 септември 2025 година“, со тие зборови започнува соопштението издадено денеска, ден по полициското насилство во Нови Сад, од страна на студентите во блокада.

Деканите на неколку факултети на Универзитетот во Нови Сад (УНС) денеска побараа оставка од ректорот на тој универзитет, Дејан Мадиќ.

Како што наведоа, причината е што насилството ескалира и покрај бројните предупредувања од академската заедница и граѓаните „за неприфатливо насилство на кампусот на Универзитетот“.

Во заедничка изјава, тие наведоа дека вчера мирниот протест на студентите и граѓаните бил „прекинат со брутална полициска акција“, во која голем број учесници биле повредени.

„Насилното однесување на неколку демонстранти, кои очигледно биле наложени за ова, не може да послужи како изговор за неселективна употреба на насилство и хемиски средства против илјадници собрани луѓе, ниту за обидот на полицијата да упадне во зградите на одредени факултети“, се вели во соопштението.

Поради сето погоре наведено, деканите го повикаа ректорот Мадиќ да поднесе оставка „и со тоа да придонесе за смирување на ситуацијата“.

Соопштението го потпишаа деканот на Земјоделскиот факултет Ненад Магазин, деканот на Природно-математичкиот факултет Срѓан Рончевиќ, деканот на Педагошкиот факултет во Сомбор Саша Марковиќ, деканот на Градежниот факултет во Суботица Милан Трифковиќ. Барањето го потпишаа деканот на Економскиот факултет во Суботица, Александар Чучковиќ, и деканот на Академијата за уметности, Зоран Краишник.

Групата социјалисти и демократи во Европскиот парламент (ЕП) денеска го осудија непочитувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кон членовите на ЕП, кои ги нарече „олош“ и се закани дека ќе ги гони.

„По континуираното насилство врз народот на Србија, претседателот Вучиќ сега прибегна кон очајно непочитување на Европскиот парламент“, се вели во пораката на групата на платформата X.

Остро го осудуваме полициското насилство во Нови Сад во петокот вечерта и неприфатливите клевети насочени кон Европската зелена партија, се додава во пораката.

протести Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.