Author: Marija Todorovska
Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечља денеска потврди дека сите „паралелни институции поврзани со Србија“ во земјата се затворени, јави Анадолија.
Платите на 70 отсто од вработените во министерството се под просечната плата во Република Северна Македонија, а разликата со платите на вработените на истите позиции во државните органи кои го добија додатокот на основна плата, е 30 проценти, рече денеска Бранко Костовски, претседател на Синдикална организација при Министерството за култура и туризам на УПОЗ, на протестот пред Министерството за култура.
Катедра за историја, катедра за историја на уметност и археологија, катедрите за јазици и литература и други; воопшто и не морале да имаат научни изданија во меѓународни публикации, за да бидат професори. Па, како тогаш ги проверувале/проверуваат и верификувале/верификуваат сопствените стручни изданија?
Русија изврши голем ракетен напад врз украинската енергетска инфраструктура низ целата земја, предизвикувајќи превентивен прекин на струјата во некои региони, соопштија денеска украинските власти.
По четврти пат се одложи повтореното судење по пожарот во тетовската модуларна болница откако такво решение донесе Апелацискиот суд Гостивар по јавната седница во април 2024 година, а по првичната пресуда од 5 јуни 2023 година. Како и на 5 ноември 2024 и денес рочиштето се одложи поради отсуство на судијата Јордан Велковски, кој е на боледување. Судијката која го заменуваше го закажа почетокот на судењето за 18 март 2025 година во 10 часот.
Ерол Ризаов: Додека премиерот Мицкоски се подготвува за значајните средби што ќе ги има во Вашингтон би било многу подобро да најде начин да стаса и на средба со еден друг Доналд. Не онака од нога и куртоазно, на маргините од некој самит. Неопходна е добро подготвена средба со Доналд Туск, премиерот на Полска, која претседава со ЕУ не само за да дознае зошто ЕУ ги крена рацете од Македонија и повеќе не ја спомнува во плановите за проширување на Унијата, иако одговорот веќе е познат и загрижувачки, туку навистина да се најде решение Македонија да не остане целосно изолирана…
Почина Александар Јовиќ, поранешен македонски ракометен репрезентативец и тренер. Последниот ангажман на Јовиќ беше на тренерската позиција на Тинекс Пролет.
Блок 1 од РЕК Битола е привремено исклучен од електроенергетската мрежа. Според информацијата од АД ЕСМ, исклучувањето е од превентивен карактер.
Кица Колбе: Трагедијата на Скопје е во тоа што новото лице на Скопје како „антички Дизниленд”, го замислија политичари без елементарно познавање на сушноста на културата. Центарот на Скопје по 2014 е израз на неавтентичност, грдост и копија, на невскус и некултурност. Со тоа градот го загуби својот културен идентитет. Тој културен идентитет порано се препознаваше токму во необичната симбиоза на модерната и традиционалната македонска архитектура. Скопје пред 2014 беше град со вистински европски дух на живеење, отворен за сите модерни уметнички правци и културни вредности. Тој во сите свои историски етапи се градеше во склад со духот на времето.…
Ова Скопје ја загуби својата приказна. А затоа што нема веќе своја приказна, Скопје не може да биде престолнина на европската култура.
Утврден идентитетот на лицата кои ги нападнаа студентите во Белград додека го блокираа Правниот факултет ноќта меѓу 13 и 14 јануари, а шестмина од нив беа пренесени во болница.
Украинските власти утринава прогласија национален воздушен аларм бидејќи руски крстосувачки ракети се заканија на неколку делови од земјата.
