Author: Marija Todorovska

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги замоли претставниците од околу 50 нации да ја задржат својата воена поддршка за Украина, велејќи дека „би било лудо сега да се испушти топката“, објавија светските медиуми.

Read More

Како научник- етнолог/антрополог ќе кажам дека провидна е намерата на свештените лица да ги откорнат народните верувања и празници (што тие ги нарекуваат погрдно- пагански). Коледарските народни обичаи, па и сега престојните василичарски обичаи се вековни, постари и од самата христијанска религија, така да тоа не му успеало ниту на Византија, ниту на други теократски држави, па нема ни вас да ви успее во секуларна и демократска држава.

Read More

Руски ботови покренаа „кампања за дезинформации во корист на Кремљ“ на социјални мрежи за да го поддржат хрватскиот претседателски кандидат против НАТО, објави „Политико“, повикувајќи се на група истражувачи од Центарот за информациска отпорност (ЦИР – Centre for Information Resilience). Непрофитната организација со седиште во Лондон, која разоткрива операции за дезинформации, објави извештај во кој се тврди дека „проруски, анти-ЕУ и анти-НАТО мрежи на ботови“ работеле на зајакнување на актуелниот хрватски претседател Зоран Милановиќ пред првиот круг од претседателските избори во Хрватска на 29 декември.

Read More

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија соопшти дека „силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка партија Преродба, Костадин Костадинов, и актуелен пратеник во Народното собрание на Бугарија, на Фејсбук, со која изразува јасни територијални претензии кон нашата држава“.

Read More

Националната агенција за заштитени подрачја од Корча соопшти дека во текот на 2024 година, Меѓународниот попис на водни птици документирал податоци за три вида птици во Преспанското Езеро, Мала Преспа.

Read More

Секако не така малата пратеничка плата ќе си легне на први, кај некои и зголемена за патни трошоци, па дајте да го истераме мандатов мирно, без турбуленции, зошто може, скраја да е, и без него да останеме. Затоа ќути, трај, какви интерпелации, какви предвремени избори, не дај Боже.

Read More

Цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 6.1 %. Во споредба со ноември 2024, пак, цените пораснале за 0.6 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Read More

Прашањето е, ако целта за поделба на БиХ не им успеа на многу помоќните Милошевиќ, Караџиќ и Младиќ, зошто Милорад Додик мисли дека токму тој сега може да ја спроведе таа цел? Мојата теза е дека тој знае дека таа политика  повторно ќе биде поразена од босанските патриоти, но него во конфликт го турка токму агресорот Путин.

Read More

Венко Филипче: СДСМ никогаш повеќе нема да дозволи да биде ставен во истата рамка или да биде подреден на било која партија, особено не на ДУИ. Коруптивната стигма која со години ја носи оваа партија е нешто од што јасно и недвосмислено се дистанцираме. Нивната реторика и постојаното подигање на етнички тензии како алатка за политичко делување е неприфатлива и опасна. Таквите политики немаат место во нашето мултиетничко општество.

Read More

Оттаму, флагрантното непочитување, кое го демонстрира СДСМ, “до вчера” доминанта партија од власта, кон инструментите на законодавната контрола, моноторинг и следење на ефективната власт (извршната) ја проблематизира нивната улога на опозициска партија, но и ја наметнува дилемата за улогата што ја имале како водечка владеачка партија во последниот мандат.

Read More