Author: Marija Todorovska
Декември ја обви Македонија во снежна прекривка. Освен планините и повисоките места, со снег се прекриени и повеќето градови.
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во вторникот (24 декември) во 11.40 часот на подрачјето на општина Карпош го лишиле од слобода Ф.С.(42) од Косово, кој бил затекнат непосредно по извршување тешка кражба од куќа.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека од 1 јануари 2025 почнува со наплата на до 100 отсто зголемени надоместоци за експлоатација на природните ресурси, со цел да се воведе ред во користењето на националните богатства и фер наплата.
Друга опција, според Величковски е застојот да предизвика предвремени парламентарни избори, за ново изгубено време во кое партиите ќе бараат начин да „спасат образ“, а всушност само ќе наидат на презир.
Од победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД до војните во Украина и на Блискиот Исток до Олимписките игри во Париз и подемот на екстремната десница во Европа – ова се настани што ја одбележаа 2024 година.
Министерството за спорт вечерва ги додели наградите за најдобрите македонски спортисти, тренери и тимови за 2024 година. Спортист на годината е Бобан Илиоски – кикбокс маитаи, а спортистка таеквондистката Милијана Релиќ.
Забрана за движење на тешки товарни возила попладнево е воведена на патниот правец Тетово – Попова Шапка А2 и обратно.
Затоа, кога следниот пат ќе решите да го честитате Божик на 25 декември, најкоректно е честитките да бидат упатени кон верниците кои празнуваат според Грегоријанскиот календар.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во своето годишно обраќање во Парламентот, истакна дека единственото можно решение би било она за уставни амандмани со одложно дејство утврдено во Уставниот закон за спроведување на амандманите и оти тоа би било вин решение и за Бугарија, зашто, како што посочи, би го остварила своето барање, а подоцна би ни помагала во евроинтеграциите. Претседателката повика на обединување во однос на евроинтеграциите и на консензус меѓу власта и опозициата околу заедничките државни интереси.
Министерството за образование и наука информира дека средствата за ученички стипендии за четири месеци и за студентски стипендии за три месеци им се префрлени на постојните и на новите корисници.
Законот за нефер трговски практики официјално стартува од 1 јануари 2025 година, а овој Закон треба да ги среди односите меѓу производителите, добавувачите и трговците. Досега во мониторинг периодот утврдени се 26 нефер трговски практики, а спрема тарифникот се внесени 2.546 префрлени земјоделски производи во овој Закон, изјави денеска заменик министерот за економија, Марјан Ристески во Штип.
