Author: Marija Todorovska
Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни уметности (АВМУ) донесе одлука со која ја одзеде дозволата за телевизиско емитување на телевизија Канал ВИС од Струмица.
Изграден е новиот ски центар во кавадаречко Михајлово, пуштањето е на први јануари, информираа денеска од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Искрено, во овој состав и не верувам од стартот, бидејќи, нивнииот избор се разликува од оној на претходниците, кои минаа и низ опсервација на невладиниот сектор, што сега практично се укина како можност за влез на демократијата во парламенарните бусии.. Љубомир Костовски Не ме изненади веста за исходот по предметот за Бојан Христовски, првуиот човек на Агенцијата за национална безбедност од страна на Антирорупциска. Зошто? Па јас тоа го најавив уште во стартот на спорот, веројатно пред некаде 2 месеци, со априорна констатација дека токму оваа Комисија Мицковски ја типувал како клучна во одбрана на неговото дете, она што грижливо…
ЦИВИЛ повикува на свесност и совесност кај граѓанките и граѓаните во пресрет на новогодишните празници – БЕЗБЕДНОСТ пред сѐ – петардите и славеничкото пукање се опасни по здравјето и животот. Децата се најчести жртви на повреди, трауми и несакани трагедии од употребата на распрскувачки материјали и несовесна употреба на оружје. Кога несовесни лица го злоупотребуваат оружјето за славеничко пукање, одговорните родители треба да им кажат три едноставни безбедносни правила на своите деца: да се оддалечат од местото на славеничко пукање да не допираат оружје или експлозиви и да пријават незаконска употреба на оружјето. Но, и да им објаснат дека тие правила важат и…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска во рамки на традиционалното доделување годишни признанија свечено додели награди за најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител на град Скопје за 2024 година, базирано на остварените резултати и избрани од нивните работни колективи, информираат од Град Скопје.
Хонолулу: Вулканот Килауеа на Големиот остров на Хаваи синоќа, втор ден по ред, еруптираше. Тоа е трета ерупција оваа година.
Уставните измени станаа услов кој не може да се надмине. Официјално Скопје има само два избора, земете или оставете. Премиерот тоа многу добро го знае. Во моментов има доцнење, но конечно решение се уставните измени. Овој услов ќе биде исполнет во првата половина од мандатот на оваа влада, истакна Зенку во изјава за Фронтлајн.
Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Северна Македонија, денеска достави барања за подобра здравствена заштита до Влада, Министерство за здравство и до Фонд за здравствено осигурување, информираа од СЗДСМ. Како што соопштија оттаму, се работи за барањa за задржување на нивото на квалитет на инсулини и иновативни терапии за лицата со дијабетес, обезбедување поквалитетни достапни помагала. Станува збор, како што појаснија, за приоритети дефинирани во Стратешкиот план 2024-2028, како и постојаните барања од страна на над 130.000 + лица со дијабетес во државата.
Непримерени се сите описи кои на историскиот Христос се обидуваат да го проектираат јазикот на хероизмот и културата на гениусот-а истото важи и за јазикот на фанатизмот и апостолско апологетската ароганција. Се се тоа изрази на гневот кој постои кај застапниците и амбициите што ги негувале следбениците.
На активностите на човекот кои оставаат последици врз животната средина несомнено се вбројува и модерниот косумеризам за време на Божик и Нова година, кој исто така влијае врз „здравјето на Земјата“.
Македонскиот долгометражен филм „Стела“ ќе биде дел од образовните програми во Шведска. Ова признание е од исклучителна важност за македонската кинематографија бидејќи филмот ќе се користи како средство за учење на македонскиот јазик и за запознавање со културата и природата на Македонија.
