Author: Marija Todorovska
Рамала: Осум Палестинци, меѓу кои и две жени, загинаа за време на израелска воена операција во два бегалски кампа во областа на градот Тулкарем, на северниот дел од окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.
По повод двата најголеми христијански празници, Рождество Христово-Божиќ и Христовото воскресение – Велигден, Свештената бигорска Обител, секоја година се обраќа до јавноста и повикува на солидарност, милостивост и автентично прославување на празниците.
Казахстанските власти соопштија дека 28 лица го преживеале падот на патничкиот авион во близина на Актау, меѓу кои и три деца. Се верува дека 39 лица загинаа во несреќата.
Има преживеани во авионската несреќа која се случи утрово, кога патнички авион кој летал од главниот град на Азербејџан, Баку, кон Русија, се урна во близина на градот Актау, западен Казахстан. Во авионот имало 67 патници.
Новогодишните елки во некои домови во САД оваа година покажуваат повеќе „неконвенционалност“ во изборот на украси за елки, посочуваат испитувањата. Тие, велат познавачите, денес во поголема мера ја изразуваат личноста на домаќините и не се општ безличен симбол на божиќното расположение.
Плинска боца предизвикала пожар во семејна куќа во Куманово, опожарен бојлер зафатил и кровна конструкција на куќа во Черкези, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
Министерот за енергетика на Украина Герман Галушченко денеска преку Фејсбук објава информираше дека Русија масовно ја напаѓа енергетската инфраструктура на земјата.
Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик.
о 28 гласа „за“, ниту еден „против“ и еден „воздржан“, советниците на Град Скопје доцна вечерва ја изгласаа Одлуката за утврдување на вредност на надомест за извршени услуги во линискиот превоз на патници, по критериумот – остварен километар.
Соларната сонда „Паркер“ се обидува да се приближи до Сонцето на растојание од нешто повеќе од шест милиони километри, што, доколку успее, би било рекордна близина досега забележана, објави денеска „Гардијан“.
Бања Лука: Поради обилните снежни врнежи, сообраќајот е целосно во прекин на седум патишта во Босна и Херцеговина (БиХ).
