Author: Marija Todorovska
На македонскиот поштенски пазар првпат се воведени пакетомати, уреди кои на корисниците им овозможуваат самопослужување со преземање на својата пратка во кое било време во рок од 72 часа. Во Скопје се веќе поставени на седум локации, а во Битола на една.
Бања Лука: Околу 200.000 домови во северозападниот дел на Босна и Херцеговина (БиХ) денеска останаа без струја поради дефекти предизвикани од обилните снежни врнежи, соопштија електроенергетските компании од двата ентитета.
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против Љ.Б.(37) од Скопје осомничен за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.
Моника Зајкова: Апелирам и за формирање на посебен Совет од сите политички партии кој ќе ги дефинира државните позиции на меѓународен план, без разлика на различните ставови во однос на секојдневните прашања. Тука треба сите да се заложиме и ова прашање да го искористиме за напредок на државата. На државата ѝ е суштински потребно да го започне процесот на преговори по поглавја, да ја стигнеме Албанија, да одиме напред и да ги отвораме тие структурни фондови кои носат повеќе пари и проекти за граѓаните. За ова мора да има консензус и не смееме да размислуваме себично – иднината на државата…
Промените лежат во реформите. Длабоки реформи и ефикасна и рационална држава, ќе не однесат поблиску до крајната цел, а тоа е функционални институции, безбедност за граѓаните и повисок животен стандард, секако и до полноправно членство во Унијата, нагласува нашиот соговорник.
И македонските медиуми пренесуваат за масовниот протест во Белград. Најсподелуван наслов на македонските медиуми „(Видео) Српската полиција: На протестот имаше помалку од 30.000 луѓе;
Минатата недела Либерално – демократската партија беше домаќин на регионалната конференција на либералите „Quo Vadis Europe“, чија главна тема беа следните чекори во европската интеграција и проширувањето на ЕУ, со посебен акцент на земјите од Западен Балкан и испрати силна порака за итноста на проширувањето на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан, како витален чекор за стабилноста и безбедноста на континентот. Од дискусиите произлезе јасна поддршка за европската иднина на регионот, но и потреба од заеднички напори – и од земјите од Балканот и од ЕУ – за да се исполнат условите за интеграција до 2030 година.
Скопје: Нискобуџетната компанија „Трансавија“ од март следната година ќе започне со летови Амстердам – Скопје, објави денеска порталот „Екс ју авиејшн“.
Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ) оствари средба со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за можноста за укинување на бесплатниот превоз за студентите во главниот град.
Скопје: Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат од половина до еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто.
Поради врнежи од снег на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
