Author: Marija Todorovska

Од АМСМ информираат дека од 11:55 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патниот правец Дебар – Маврово.

Read More

На Балканот и пошироко, немирите даваат свој придонес кон нестабилната ситуација во светот. Протести и тензии во Србија и Грузија, продлабочување на поделбите во Босна и Херцеговина, и политичките динамики во Северна Македонија ја истакнуваат кревката состојба на глобалната и регионалната стабилност. Овие загрижувачки реалности го обележуваат крајот на уште една година дефинирана од насилство, поларизација и страдање за многу нации и заедници низ светот.

Read More

Минималната синдикална кошница за декември годинава изнесува 62.861 денари и е за 840 денари повисока отколку во ноември годинава кога беше 62.021 денар. Со изнајмен стан од 60  квадратни метри, пак, изнесува 78.236 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Read More

 Нов извештај на американските групи за заштита и безбедност на децата, „Хит инишатив“ (Heat Initiative) и „Перентс тугедер екшн“ (ParentsTogether Action), посочува алармантно присуство на несоодветни апликации означени како погодни за деца на „Епл ап стор“ (Apple App Storе).

Read More

Во трудот да замачка „татковска фигура“ за да не биде очигледно тиранска ваквата пирамидална структура, неопходни се фигури како маж – премиер со голема извршна власт, а Мицкоски дури и натфрла над олигархиските очекувања со немањето гајлиња да е контрадикторен во иста реченица, да лаже во кратки временски интервали, да сее омраза на стандардни линии – национални, но ете, се потруди и на полова основа, не еднаш. Навистина се труди ЕУ да ја отпише Северна Македонија и така да се избори за патронското место во неопатримонијалната структура околу него.

Read More

Водата од системот на Град Скопје е санитарно исправна и граѓаните може непречено да ја користат, покажал вчерашниот вонреден мониторинг што го извршил Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ по прекинот на водоснабдувањето во саботата.

Read More

Падот на режимот на Башар ал-Асад во Сирија, последните настани и геополитичките пресврти означија крај на повеќе од една декада граѓанска војна и 50-годишното владеење на семејството Асад.

Read More

Десетици Дедо Мразовци, со кајаци, весла и суп даски, вчера „пловеа“ по Солунскиот залив, во рамките на традиционалниот „SantaSup“, што четврта година по ред се организира во Солун непосредно пред божиќните и новогодишните празници.

Read More

Брисел: Истражувачи од белгиските универзитети во Брисел и Гент тврдат дека развиле вакцина заснована на мРНА, којашто може да го зајакне имунолошкиот систем во случај на присуство на вирусот на човеков намален имунитет – ХИВ, објави порталот „Фокус на Белгија“.

Read More

Загреб: Во центарот на Загреб денеска ќе се одржи марш со цел да се зголеми безбедноста во училиштата, по нападот на 20 декември кога загина едно дете, а наставничката и неколку други деца беа тешко повредени.

Read More