Author: Marija Todorovska

Центарот за управување со кризи информира дека гостите од хотелот „Радика“ во Маврово, кои беа заглавени поради обилните врнежи од снег и непроодниот пат, вчеравечер се извлечени со помош на специјално возило на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.

Read More

– Три возила синоќа биле опожарени во Куманово, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи и од територијалната противпожарна единица Куманово. Според информациите, пожарникарите интервенирале на две возила на улицата „Трст“ и на уште едно на улицата „Никола Вапцаров“, со по една екипа.

Read More

Знаеме дека стипендијата што се доделуваше од Агенцијата за млади и спорт, изминатите пет години, колку што имаме статистика, речиси двојно повеќе ја имаат добиено момчиња, отколку девојчиња. Со тоа уште од млади години праќаме порака до девојчињата и жените дека, едноставно, не треба да гледаат кариера во спортот.

Read More

Европскиот аудиовизуелен сервис ЕБС објави видео разгледници од главните градови на земјите кандидати за членство во Европската унија од Западниот Балкан, меѓу кои и од Скопје.

Read More

Лондон: По првпат во последниот половина век, откриен е нов вид терапија против напади на астма. Тоа е лекот „Бенрализумаб“, којшто, како што се истакнува, се покажал многу поделотворен од постојните лекови при лекување тешка астма и напади на тн. хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), објавија научниците од Кралскиот колеџ во Лондон, Велика Британија.

Read More

Скопје: Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија, додека во останатите делови врнежите се од дожд.

Read More

Ние самите го правиме општеството да биде со или без дискриминација. Ние сме општеството, да почнеме од промена кај себе. За еднакви права и можности, за инклузија во секој сегмент: ран детски развој, образование, работа.

Read More

Приватните превозници од денеска се враќаат на скопските улици, откако се откажаа од најавените блокади по одржаната координативна средба во саботата во Град Скопје. На средбата беше постигнат договор во рок од 15 дена независни експерти да направат анализа колку точно ќе добијат зголемување по изминат километар.

Read More

Атина: Преку специјалната дигитална алатка за откривање лажни попусти што ја користат ревизорските служби на Министерството за развој на Грција, биле откриени 14 компании кои во изминатите седмици се обиделе со лажни попусти да ги доведат во заблуда потрошувачите, а за пет од нив се изречени казни од вкупно 2,2 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Read More

Велес:  Утрово околу 05.00 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во дом на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил пронајден починат 43 годишниот  А.А.од Велес, информира попладнево од СВР Велес портпаролот Биљана Ѓаковска.

Read More

Иницијативата „Сите за Палестина“ организира протестен марш за солидарност со народот во Палестина и Либан. Протестот е најавен за утре, сабота (30 ноември); во 12:00 часот пред скулптурата „Симфонија на мирот“, посветена на холокаустот од Втората светска војна.

Read More