Author: Marija Todorovska
Сараево: Советот на министри го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на тој настан, јавија сараевските медиуми.
Њујорк: Мајкрософт е под лупа на највисокото американско национално антимонополско набљудување, Федералната трговска комисија (ФТЦ), која започнува сеопфатна истрага за практиките на технолошкиот гигант.
Руските напади во текот на ноќта оставија стотици илјади Украинци без струја, соопштија регионалните власти денеска, откако Киев предупреди за „масовен“ руски напад врз украинската енергетска инфраструктура.
Берлин: Германија се соочува со сериозен недостиг на кадар во областа на социјалните услуги, бидејќи бројот на луѓе на кои им е потребна грижа е речиси двојно зголемен во изминатите години, додека бројот на негуватели расте релативно бавно. Тоа го објави ДПА, цитирајќи информации дадени од Министерството за труд како одговор на барањето на претставникот на Алтернатива за Германија, Рене Спрингер.
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска преку соопштение му одговори на претседавачот на Советот Трајко Славески и даде поддршка да ја стави точката за приватните превозници на дневен ред на седница.
– Приватните превозници ги исклучија автобуси од сообраќај во знак на револт откако и на денешната седница на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар.
Бесим Небиу: Консензус околу ЕУ меѓу сите партии од мејнстримот на политичкиот спектар е практика во сите земји кои успешно го завршија процесот на влез во ЕУ. Предлогот на г-нот Филипче е за поздравување, бидејќи и пружа рака на владејачкото мнозинство во однос на нејзините наредни потези во врска со откочување на евроинтеграциите – нешто што ВМРО-ДПМНЕ не го правеше додека беше во опозиција. Евроинтеграциите не треба да се дневно-политичка тема, а консензусот меѓу сите партии од позиција и опозиција, би придонеле таа да се издигне од тоа ниво, во кое за жал многу пати во минатото и реално беше.…
Белград: Српскиот парламент денес го усвои предлог-буџетот за 2025 година. На гласањето присуствуваа само пратеници од власта, додека опозицијата ја бојкотираше работата на Собранието поради одбивањето на владејачката коалиција да го вклучи прашањето за одговорноста на Владата за падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад и инцидентите што ја одбележаа претходната седница во понеделник.
Сообраќајна незгода која се случила околу пладне на магистралниот пат Гостивар – Кичево предизвика отежнато одвивање на сообраќајот. Според информациите на СВР Тетово за време на вршење на увидот, полицијата ги наизменично пропуштала возилата во обата правци.
Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос, во изјава за медиуми веднаш по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија, очекува Северна Македонија да го промени Уставот, бидејќи, како што рече, тоа е нешто на коешто смета Европската Унија.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска во 13 часот и 09 минути, регистрира земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 степени, чиј епицентар се наоѓа на132 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово.
Новиот известувач на ЕП за Севера Македонија, Томас Вајц, на денешниот брифинг со македонските новинари во зградата на Европскиот парламент, во одговор на новинарско прашање дали Отворен Балкан е е начинот да се бранат интерсите , со оглед на закочениот евроинтрегративен процес на Северна Македонија поради блокадата на Бугарија, одговори:
