Author: Marija Todorovska
Државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година во областа на воспитанието и образованието ќе ја добие универзитетската професорка Маја Бојаџиевска, а во областа на културата и уметноста – писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази.
Зелените кредити бележат годишен раст во портфолијата на банките и во третиот квартал од годинава. Според податоците на Народната банка, на крајот на септември, растот на зелените кредити во однос на истиот период лани изнесува 1,4 милијарди денари или зголемување за 7,4 проценти.
Атина: Кафулиња, ресторани, минимаркети, аптеки, бензински пумпи, се меѓу 50 бизниси во Солун кои ќе бидат означени како „засолништа“ за жртви на родово насилство, односно ќе бидат безбедни простори за луѓето во опасност сè додека не добијат соодветна помош и за таа цел ќе бидат означени со специјални налепници.
Како и секоја политичка партија, посебно сега по неочекувано катастрофалниот пораз СДСМ ќе мора „идеолошки“ повеќе да мисли на човекот, на граѓанинот, на неговото секојдневие, на средната класа за која практично постои и која не успеа да ја „инсталира“.
Киев: Најмалку 13 региони на Украина денеска добија дојави за наводно бомбардирање на државни институции, административни згради, болници, трговски центри.
За време на 29-та сесија на Конференцијата, Република Северна Македонија, денеска успешно е реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) за периодот 2025–2027 година.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова изразил загриженост и укажал дека треба да реагира за работи кои се во нејзини ингеренции, како што рече, пред се, „партизацијата која што се случува во делот на безбедносните структури“. Разговарале и за процесот на евроинтеграциите и најави дека СДСМ ќе ја поддржи секоја подобрена позиција што ќе ја обезбеди Владата.
Рим: Шефовите на дипломатиите на земјите од Г7 денеска изразија поддршка за „актуелниот прекин на огнот меѓу Израел и либанското движење Хезболах“ и додадоа дека „е време да се постигне дипломатско решение“ во Либан.
Љупчо Николовски: Тоа може да го видиме по тоа што откако се власт го прифатија новото уставно име, Преспанскиот договор, договорот со Бугарија, членството во НАТО. А го ветуваа спротивното. Еве пред неколку дена можевме да ги видиме премиерот, двајца вицепремиери, министри и бројни други функционери како преку медиумите и социјалните мрежи ги пренесуваа позитивните импресии од нашето учество на саемот Винска Визија во Белград – кој е директен резултат на иницијативата за Отворен Балкан. Линк
Следните 24 месеци, на доктори во мали места ќе им биде дозволено да продолжат да работат без медицински сестри. Одлуката беше поздравена на прес-конференција попладнево по состанок на директорите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, со раководството на Здружението на приватни лекари (ЗПЛ) и координатори од градови.
Каиро: Три тела се извлечени утринава од туристички брод што потона во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, а спасувачките тимови сè уште трагаат по 13 исчезнати лица, изјави гувернерот на Црвеното Море, Амр Ханафи.
Конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување се одржа денеска во Кабинетот на Претседателот, откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата.
