Author: Marija Todorovska
Москва: Новинарката Ника Новак (24) е осудена на четири години затвор во Русија поради соработка со странска организација.
Расположението помеѓу европарламентарците во однос на билатералниот спор помеѓу Северна Македонија и Бугарија во моментов не е наклонето кон нашата земја. Извори од европарламентот со кои разговараше ЦивилМедиа велат дека ова прашање не е високо на агендата на европарламентарците и порачаа дека уставните измени мора да се направат, и беа скептични за можни модификации.
Тбилиси: Грузија ќе избира нов претседател со индиректно гласање на 14 декември, објави денеска Парламентот на малата кавкаска држава. Овие избори би можеле дополнително да ја зајакнат партијата на власт.
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, соопшти дека со олеснување ја повлекува својата кандидатура за премиер на Бугарија, јави БТА.
Десет месеци по донесувањето во Собранието, (26 јануари 2024), Законот за употребата на македонскиот јазик не се применува. Меѓу одредбите што тој ги содржи е формирање Инспекторат за надзор над примената на законот, но тој не профункционирал.
Дека во светот на медицината повеќе не постојат граници и дека медицината во Македонија може да се мери со светски достигнувања, говори и раѓањето на бебето Петар, кого на свет го донесе највозрасната прворотка во државата, 61-годишна пациентка. Ова денеска го подвлече директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, проф. д-р Ирена Алексиовска Папестиев, во изјава за медиумите.
Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска нема да кандидира за нов мандат. Во изјава за медиумите дадена денеска по примопредавањето на шест нови еколошки автобуси за потребите на ЈСП, Арсовска рече дека ситуацијата во државата е крајно полазирана и дека не планира да соработува со луѓе кои знаат само да саботираат и блокираат.
По некое време Мицкоски и Данела ја расипаа калимерата. Данела рече дека причина за тоа се што му ги фатила директорчињата на Мицкоски „со рачињата во медот“, јас би рекол им се помешаа брзините (бизнисите).
Овогодинешната тема на 16-те дена активизам против родово базираното насилство е „Нема оправдување“.
Тирана: По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, во голема полициска акција против криминални групи албанската полиција уапси високи полициски службеници, поранешни судии, адвокат, како и двајца новинари. Акцијата била спроведена во соработка со Европол и други албански и европски агенции за спроведување на законот, а бидејќи истата е во тек, од СПАК не даваат подетални информации.
Ерол Ризаов: Овој кредит, како и сите други со кои се задолжила државата, а станале промашени инвестиции, ќе го вратат граѓаните, со таа разлика што овојпат тоа ќе биде многу поскапо бидејќи со овој политички диктат и од дома и од надвор ќе имаме цело крдо на „бели слонови“, синоним на залудно фрлени пари, предвидуваат економистите и стручните луѓе кои ги препознаваат мотивите за едно вакво задолжување со катастрофални последици. Сето тоа народот ќе го позлати. Линк
