Author: Marija Todorovska
– Комплетиран е новиот состав на Комисијата за помилување, а за утре е предвидено да се одржи првата конститутивна седница, брифираат од Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска Давкова. Претседалка на Комисијата е д-р Милка Ристова, а во нејзиниот состав се и проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, проф. д-р Блерта Ахмеди, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р Афет Мамути и м-р Доан Сулејманоски.
Со концертот насловен „80 години – Љубов“, в четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го прослави својот јубилеј – осумдесет години од формирањето.
Анкара: Поради обилни снежни врнежи и други неповолни временски услови, наставата во училиштата е прекината во 20 од 81 турска провинција, како и во одредени региони од уште пет провинции, пренесува Си-Ен-Ен Турк.
Обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска во случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски пред денешното рочиште изјавија дека има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо со двете убиства.
Лондон: Бакингемската палата во Лондон се затвора и нема да прими државни посети следниве три години, поради реновирање и обемни работи коишто ќе чинат 369 милиони фунти, т.е. повеќе од 444 милиони евра.
Фани Каранфилова-Пановска: Одговорноста е огромна пред сѐ заради фактот што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е исправен пред предизвикот да ја исцрта и уште поважно да ја одработи траекторијата на промените и реформите на партијата кои ќе го обезбедат нејзиниот понатамошен развој и ќе го отелотворат нејзиниот правец на делување, процеси кои треба и мора да ја вратат партијата на вистинскиот колосек. Далбоко сум убедена во професионалноста, амбициозноста, трудољубивоста,страста,посветеноста, упорноста и емпатијата кои ги носи Венко, и тие беа едни од клучните причини зошто ја прифатив номинацијата. Јас, од моја страна, ќе му дадам целосна поддршка и ќе бидам верен соработник…
Вилнус: Товарен авион Боинг 737-400 што пренесувал нарачки на DHL и летал од германскиот град Лајпциг кон главниот град на Литванија – Вилнус, се урна во близина на куќа, изјави градоначалникот на Вилнус, Валдас Бенкунскас.
САД: Илон Маск официјално стана најбогатиот човек во историјата, неговата нето вредност се искачи на 348 милијарди долари, надминувајќи го претходниот рекорд што го постави во 2021 година. По неодамнешните претседателски избори во САД, скокот на богатството на Маск не е само импресивен; тоа е историски без преседан.
Во јавниот градски превоз од денеска се вклучуваат и приватните превозници, но не со целиот капацитет. Во сообраќај, како што најавија во саботата, ќе се вклучат оние превозници кои имаат финансиски можности. Автобусите на ЈСП – Скопје од петокот сообраќаат во редовните термини, но Владата во четвртокот им позајми нафта само за седум дена, за колку што треба да се реализира ургетната набавка преку Бирото за јавни набавки.
Американската амбасадорка Анџела Агелер изјави дека „црната листа“ на САД е многу динамична и дека постојано се дискутира за нови имиња. Таа нагласи дека нема конкретна временска рамка за додавање нови лица на листата, бидејќи тоа е одлука на Вашингтон.
Универзитетското студентско собрание при УКИМ испрати ултиматум за нормализирање на градскиот превоз до Раководството на Град Скопје и до ЈСП поради оргомниот револт меѓу студентите.
