Author: Marija Todorovska
Брисел: Европската комисија ја казни компанијата „Мета“ со 797,72 милиони евра поради прекршување на антимонополските правила на ЕУ со поврзувањето на нејзината онлајн услуга „Фејсбук Маркетплејс“ со социјалната мрежа Фејсбук и поради наметнување нефер услови за конкурентските даватели на услуги за рекламирање на Интернет.
Во недела (17.11.2024 год) во период од од 16:00 до 18:00 часот или до ослободување на затворените улици, поради одржување на Атлетска трка, неколку сообраќајници ќе бидат затворени, па од тие причини дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.
Градот Нови Сад нема да организира дочек на Новата година ниту на Стара нова година, од почит кон жртвите од трагичната несреќа на Железничката станица во Нови Сад, каде што загинаа 14 лица, а три се тешко повредени.
Претседателот на СДА Санџак, др. Сулејман Угљанин и претседателот на СДА Македонија, г-дин Џелал Хоџиќ, одржаа работна средба со членови на претседателствата на политичките партиите, во Скопје.
Маск тврди дека неомарксистите ја корумпирале Вилсон до точка каде што таа го прифатила нејзиниот трансродов идентитет, понатаму тврдејќи дека неговиот „син“ е „мртов“, како и дека тој се обидел да ја поправи нивната врска.
Брисел: Европската комисија изрази надеж дека следната година ќе започнат преговорите за членство на Украина во ЕУ, соопшти портпарол на институцијата. Овој напредок зависи од спроведувањето на реформите и одлуките на Советот на ЕУ.
Скопје: Ноемвриската полна месечина, којашто ќе биде видлива денеска, на 15 ноември, ќе биде последната супермесечина за оваа 2024 година.
Во Основниот кривичен суд Скопје во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска на предлог на Обвинителството беа сослушани родителите, сестрата и внукот на таткото на Вања.
Тоа што има најава за предвремени парламентарни избори само неколку месеци по формирањето на Владата, е доказ дека на Владата не и оди најдобро.
Куманово: Четириесет и петгодишен маж од Куманово бил измамен за сума од 200.000 денари, измамникот го информирал дека има 14.500 долари од сметката на биткоини, соопшти денеска СВР Куманово. Кумановецот, откако зел брз кредит за да ги уплати парите, вчера во 14:30 го пријавил случајот во кумановската полиција.
