Author: Marija Todorovska
Македонскиот светски признат филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, во чест на 30-годишнината од премиерата во 1994, изминатата недела беше прикажан во Сужу, Кина. Во организација на Државниот филмски архив на Кина, режисерот Манчевски со видео-обраќање го претстави „Пред дождот“ пред кинеската публика, а филмот имаше имаше три проекции за три дена проследени со панел дискусии со реномирани кинески филмолози.
Континуираните загуби негативно се одразуваат на тековното и идно работење на друштвото, не овозможуваат негов развој и го доведуваат во прашање ефикасното, трајното, уредно и квалитетно вршење на дејноста како јавен оператор во внатрешниот и во меѓународниот поштенски сообраќај, се наведува во денеска објавениот конечен ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија на АД за поштенски сообраќај Пошта на Република Северна Македонија во државна сопственост Скопје.
Вашингтон: Повеќе од 800 милиони возрасни луѓе во светот имаат дијабетес, што е двојно повеќе од претходните процени, а повеќе од половина од нив на возраст од 30 и повеќе години не се лекуваат, покажа новото истражување на медицинскиот списание „Лансет“ (The Lancet).
Вашингтон: Гувернерите на Илиноис и Колорадо рекоа дека ќе копретседаваат со коалиција од претежно демократски држави кои ќе се борат против политиките што новоизбраниот републикански претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги продолжи.
Скопје: Пет мигранти биле пронајдени во камион на граничниот премин Богородица ноќеска околу 01:30 часот. Мигрантите ги пријавил возачот на камионот.
Хонгконг: Теоријата дека Марс, некогаш, до една третина од површината бил покриен со океан – е предмет на дебата меѓу научниците со десетлетија… Но, кинески ровер „Журонг“ сега пронашол нови показатели што укажуваат дека таа теорија е вистинита.
Во Основен кривичен суд Скопје денеска сведочеше адвокатот Васко Стојков, кој го возел до Белград Љупчо Палевски-Палчо, првообвинетиот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Берлин: Германскиот социјалдемократски канцелар Олаф Шолц (66) потврди денеска дека ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември, а Бундестагот потоа ќе гласа на 16 декември, отворајќи го патот за вонредни избори што ќе се одржат на 23 февруари следната година.
Скопје: Културно едукативниот центар Лабораториум со низа активности денеска ќе го прослави денот на ослободувањето на Скопје.
Вчерашната собраниска Комисија за надзор на тајните служби, е само уште една потврда во каков криминал се навлезени ВМРО ДПМНЕ, со назначувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ., смета лидерот на СДСМ, Венко Филипе. Претседателот на опозицијата на денешната прес-конференција, истакна дека ваквиот начин на дејствување, односно партизација на безбедносниот систем, задушување на слободата на говорот, спречување на новинарите и медиумите да ја извршуваат професионално својата работа, не е непознато и потсетува на најцрните години за Македонија до 2016 година.
Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица. Несреќата се случила кај месноста Манасовско Маало атар на село Драмче и во неа учествувале патничко возило ауди и товарно возило Мерцедес со каменички регистерски таблички.
Жерновски демантира дека не ги предал акредитивите во романското МНР, најави дека ќе тужи за клевета
Амбасадорот во Романија Андреј Жерновски, демантира дека не ги предал акредитивите за амбасадор во Букурешт, откако вчера на прес-конференција шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, образложувајќи ја одлуката за отповикувањето на седум амбасадори, меѓудругото рече дека Жерновски „формално правно, никогаш не ни станал амбасадор во Букурешт, бидејќи нема предадено акредитивни писма“.
