Author: Marija Todorovska
Судскиот совет на денешната 504-та седница за претседател на Вишиот управен суд ја избра судијката Лидија Георгиевска. За претседател на Основен суд Велес советот ја избра судијката Валентина Георгиевска, додека за претседател на Основен суд Струга е избран судијата Вулнет Винца.
„ Вчера (5. ноември) почина Славка Арсова – поетеса и авторка за деца, родена на 3 јули 1934 година во Скопје, членка на Друштвото на писателите на Македонија од 1993 година. Арсова е авторка на петнаесетина збирки поезија, но попозната е по своето творештво за деца („Бисерчиња од детски глави“, Академски печат, 2017) и како основачка и организаторка на детскиот книжевен фестивал „Ракатки“. Погребот на Славка Арсова ќе се одржи во сабота на градските гробишта во Бутел, во 12:00 часот“, информираат од Друштво на писателите на Македонија.
Вашингтон: Американскиот долар значително зајакна откако стана јасно дека Доналд Трамп ќе биде избран за следен претседател на САД, а биткоинот достигна рекордна вредност, во услови кога инвеститорите очекуваат потенцијални даночни олеснувања, зголемување на тарифите и пораст на инфлацијата во неговиот втор мандат, јави Би-Би-Си.
Судскиот совет на денешната 504-та седница ги избра Јетмир Хамзаи и Абдула Азари за судии на Апелационен суд Гостивар за граѓанска област и Сузана Милевска, Анита Јовановска и Љупчо Спировски за судии на Апелационен суд Штип за граѓанска област.
Со новиот Закон за енергетика, на регулаторот му се доделуваат сериозни ингеренции во процесот на пазарното поврзување со соседните земји со цел зголемена конкурентност, пониски цени, поголеми инвестиции, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, Марко Бислимоски.
Струга: Целосно е изгаснат пожарот што утрово пред 10 часот избувна во кровната конструкција на Безистенот во Струга, потрвди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единица Струга, Фети Мазари.
Во Нови Сад вчера во 18 часот започна голем граѓански протест во кој учествуваа илјадници луѓе изразувајќи го своето незадоволство поради смртта на 14 лица на железничката станица.
Претставници на невладини организации денеска во Скопје изразија загриженост поради информации за намалени средства за програмата за ХИВ за 2025 година. Вознемиреност има и кај пациентите, поради постојаното стравување дали навреме ќе има терапија и можноста од прекин на терапијата. Според Платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ предвидени се само 90 милиони денари, а тие бараат 131 милион денари.
Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори на САД.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупциіа, поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања” по член 353 од Кривичниот законик.
Мадрид: Најмалку 89 лица се уште се водат како исчезнати по смртоносните поплави што го погодија југоисточниот дел на Шпанија.
Тетово: Возач и сопатничка се повредени во сообраќајна незгода што се случи денеска околу 14 часот на обиколницата за Тетово. Возилото излетало од патот и се превртело.
