Author: Marija Todorovska
Приватните превозници Јофи Бус ДОО од јавниот градски превоз во Скопје предлагаат координаторите на советничките групи, Град Скопје или Владата да закажат проширен состанок со Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) за изнаоѓање излез од кризата со јавниот градски превоз, соопшти денеска на прес-конференција претставникот на приватните превозници Јофи Бус ДОО, Јовица Зафировски.
Рим: Четворица планинари загинаа на италијанските Алпи во одделни несреќи што се случија вчера, соопшти планинската служба за спасување.
Очигледно е дека Путин нема да се помири со губењето на руските сфери на влијание, особено од оние за кој сметаше дека му се „во сопствениот двор“, и токму затоа оваа загуба му паша особено тешко.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, со кој се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи, односно од 5% на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за исхрана.
Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице поради оддавање службени тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“ се лишени од слобода и против нив е донесена наредба за спроведување на истражна постапка, соопшти денеска Јавното обвинителство.
Почина Оливера Николова, една од најплодните и најзначајни македонски писателки. Таа е родена во 1936 година, во Скопје. Учела во Струга и Велес, а завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како драматург на радио и телевизија. Таа е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.
Скопје: Срѓан Захариевски до денес не е шеф на стручниот штаб на ФК Вардар.
Во Војводина е трет ден на жалост за 14-те жртви од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Тројца од повредените се уште се во критична состојба, обвинителството досега сослушало 40 лица меѓу кои и министерот Горан Весиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
Заканата што ја наметнува овој сојуз ја истакнува клучната вистина за долгогодишните диктатури: колку подолго овие автократи остануваат на власт, толку поекспанзионисти и поагресивни стануваат.
Доколку со ваквата изјава Мицкоски мислеше да ги навреди пратениците на СДСМ, тој всушност ги посипа со пепел сите Македонци кои не извадиле бугарски пасош и не се пишале као Бугари. Не дека немале и тие економска потреба, како Сања Божиновска, едноставно решиле дека националната припадност и македонското потекло им е поважно од економските потреби, и не вреди да си го пр(е)одадат за разно разни олеснувања, како работа во странство, купување половно возило, глумење европски „гражданин“.
Ана Чупеска: Мицкоски се закануваше, ваквите настапи ѝ штетат на демократијата. Линк
Банките навикнати на повластена положба на доверители на буџетот не се подготвени да се откажат од сопствените приходи и не сакаат да преземаат никаков ризик. Тоа што наплатуваа за секое парче хартија што го издаваат или за секое електронско прегледување на сметките од страна на граѓаните – еее, тоа е нивна цена за банкарските услуги. Тоа што таквите приходи беа во спротивност со Законот за потрошувачите, кој смееше да праша?
