Author: Marija Todorovska
Владите на Шпанија, Словенија, Ирска и Норвешка ја осудија одлуката на Израел да ја забрани работата на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) на окупираните палестински територии, објавија четирите земји во заедничката изјава.
Вашингтон: Во американските сојузни држави Орегон и Вашингтон избувнаа пожари во гласачките кутии за време на раното гласање на претседателските избори.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал телефонски разговор со Бојко Борисов, лидер на Десничарската партија ГЕРБ која освои најмногу гласови на парламентарните избори во Бугарија, при што изразил уверување дека ќе се формира стабилна влада на десниот центар во Бугарија, која ќе даде придонес во отстранувањето на пречките што го успоруваат македонскиот пат кон Европската Унија.
Тирана: Народниот правобранител на Албанија поведе административна истрага за случајот со апсењето на Илир Мета, поранешен претседател на Република Албанија и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата.
Брисел: Денешна посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Грузија е во рамки на билатералните односи меѓу Будимпешта и Тбилиси и тој нема мандат да говори во име на ЕУ, порача денеска портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Набила Масрали.
И покрај западните санкции кои имаа цел да ја намалат руската способност за водење војна, финансиската стратегија на Путин, водена од логиката на војната, се покажува изненадувачки отпорна – иако е изложена на висок ризик од колапс. Во оваа анализа се истражуваат механизмите на економската издржливост на Путинова Русија и последиците од пропустите и нерешителноста на Западот.
Утре во младинскиот центар Матично од 13 часот, Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ ќе одржи конференција за потребата од донесување на Правилник за велосипедска инфраструктура.
Идентитетот не е само во она што било, историјата не можеме да ја смениме, но, идентитетот се гради со тоа што го правиме сега во моментот. Тоа ќе го носи и ќе биде нашиот идентитет утре. Да влезевме пред дваесет и пет години во ЕУ, сега ќе имавме генерации млади луѓе со европски идентитет.
Во 2023 година регистрирана е рекордна концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата, што неизбежно ќе доведе до зголемување на температурата следните години, соопшти Агенцијата на ОН, Светска метеоролошка организација.
Њујорк: Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања соопшти дека целото население на северниот дел на Појасот Газа е во опасност од смрт.
Реформиран Пакт за миграција и азил беше усвоен на почетокот на годината, по години на долги и тешки преговори. Неколку месеци и избори подоцна, ставот за миграцијата во ЕУ станува се построг, со повици за „нови решенија“ за справување со нелегалната миграција во пресрет на подемот на десничарски идеологии на целиот континент.
Дејан Дуковски: Главниот лик во текстот се бори за својот идентитет. Иако е роден во тело на маж, се чуствува како жена и во секој поглед тоа и е. Се бори за своето право така да биде и признаен. Тоа е и фокусот на конфликтот со татко му кој едноставно не може или не сака да го прифати тоа. Исто така, има нови, а и стари нерешени конфликти со генерално патријархалната средина во татковината… Како и да е, во мојата драма, општо во животот, идентитетот не е само во она што било, историјата не можеме да ја смениме, но, идентитетот…
