Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Здружението „Гоу Грин“ организира конференција за потребата од донесување на Правилник за велосипедска инфраструктура

0
By Marija Todorovska on October 28, 2024 ВЕСТИ
Фото: bmc-switzerland.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 28, 2024 15:17

Утре во младинскиот центар Матично од 13 часот, Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ ќе одржи конференција за потребата од донесување на Правилник  за велосипедска инфраструктура.

„Сведоци сме како изминатите години секој пат кога се изведуваат улици дека или недостасува велосипедска инфраструктура или истата се изведува без посебни стандарди. Рабниците се високи и по нив не можат да се движат велосипеди, инвалидски или бебешки колички. Некаде патеките се пошироки, некаде од бехатонки, некаде од нерамен асфалт. Ако сакаме да може секој да вози велосипед секаде потребно е да има еден унифициран пристап во проектирањето на велосипедската инфраструктура“, велат од Здружението.

 Гоу Грин, во склоп на Националната вело-мрежа, спреми предлог Правилник за велосипедска инфраструктура кој бара од Министерството за Транспорт да го прифати и донесе на национално ниво.

Ако се донесе овој правилник секоја наредна сообраќајна инфраструктура низ Македонија ќе мора да има велосипедско решение. Независно дали е булевар, маалска уличка, обичен паркинг или велопат кој поврзува градови.

Македонија е меѓу последните три земји на Балканот кои немаат ваков Правилник и оставено е на секој планер самостојно да смислува решение.

„Да не дозволиме секоја улица да е „приказна за себе“ и наместо тоа да покажеме дека се грижиме за одржливиот транспорт преку планирање на просторот и изведување на квалитетна велосипеска мрежа. Бараме од Министерството за Транспорт што побрзо да донесе ваков правилник. А ги покануваме сите заинтересирани (стручни и нестручни лица) на конференцијата каде ќе го презентираме“, потенцираат од „Гоу Грин“.

Go Green велосипедска инфрастуктура конференција министерство за транспорт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.