Author: Marija Todorovska
Вашингтон: Четворица астронаути на НАСА денеска се вратија на Земјата со леталото на компанијата „Спејс Икс“, откако беа на мисија на Меѓународната вселенска станица (МВС) која траеше речиси осум месеци.
Вишото јавно обвинителство (ВЈТ) во Белград денеска соопшти дека до Вишиот суд во Белград доставило проширување на обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ, детето масовен убиец од „Рибникар“. Во проширениот обвинителен акт се наведува и дека Владимир и Миљана Кецмановиќ се сомничат дека сториле кривично дело Запуштање и злоупотреба малолетно лице, јави дописникот на МИА од Белград.
Најмалку 28 палестински цивили загинаа утрово во израелски напад врз Кан Јунис на југот на Појасот Газа, додека десетици луѓе се повредени, јави палестинската новинска агенција ВАФА.
Надзорниот Одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација, М-НАВ АД Скопје на 17-ти овој месец за членови на Управен Одбор ги избра Владимир Ристески, Климент Чепуњоски и Буран Алити, информираат денеска од М-НАВ.
Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог, Мирослав Лајчак, по вчерашната средба на главните преговарачи во Брисел, изјави дека спроведувањето на Охридскиот договор меѓу Белград и Приштина „суштински“ допрва треба да започне, јави дописникот на МИА од Белград.
Малолетникот кој синоќа уби еден полицаец и рани друг во Босанска Крупа има 15 години и е уапсен, соопшти МУП на Унско-санскиот кантон.
Не сум сигурен дека држи вода ставот дека гласачкото тело е доведено во заблуда. Таква мисла може да се слушне секогаш во разговорите на обичните граѓани. Почитувани сограѓани, ако не ни се слушаат мудрите мисли на филозофите барем имаме наше искуство за овие триесет и кусур години. Не се само политичарите криви што ние како граѓани сакаме да ни го кажат тоа што сакаме да го слушнеме. И со тоа ја избегнуваме одговорноста за нашиот избор.
Софија: Бугарите в недела ќе гласаат на седмите предвремени избори во последниве четири години, додека политичките партии во земјата продолжуваат да се борат за формирање стабилна коалиција, а гласачите сè повеќе ја губат вербата во резултатите, пишува денеска Хина.
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници од Министерството за внатрешни работи денеска непосредно по излегувањето од КПУ „Идризово“ – Скопје лишија од слобода лице на кое со Одлука на Претседателот на Република Северна Македонија извршувањето на изречената казна затвор му беше заменето со условна осуда, бидејќи за истото лице е поведена истрага за ново кривично дело – Убиство од член 123 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствaри средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.
Регистрирани се случаи на употреба на импровизирана хемиска муниција со различни хемиски супстанции меѓу кои и хлорпикрин. Најчесто руските окупатори користат гранати од типот К-51, РГР, РГ-В, кои ја содржат опасната хемиска супстанца CS – (хлоробензалмалононитрил). Оваа супстанца спаѓа во групата на надразнувачи, односно борбени отровни материи со иритирачки ефект и истата е забранета со Конвенцијата за хемиско оружје.
