Author: Marija Todorovska
Маск и Трамп не ја осудија руската инвазија врз Украина и гледаат со симпатии кон Путин и неговото диктаторско владеење во Русија
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази очекување дека земјава ќе го продолжи патот кон членството во ЕУ отворајќи го кластерот Фундаментални вредности, колку што е можно поскоро, но потсети дека за тоа се потребни уставните измени за кои, како што кажа, државава се согласила дека ќе бидат усвоени.
Денвер: Синџирот за брза храна Мекдоналдс ја повлече продажбата на хамбургери „квартер пондер“ во една петтина од своите ресторани во Соединетите Американски Држави, откако почна зараза со ешерихија коли, од која по конзумирањето на тој хамбургер се разболеа речиси 50 луѓе во 10 земји, а една жена почина.
Брисел: Заедничката истражувачка сторија за исчезнувањето на деца мигранти без придружба во ЕУ насловена „Изгубени во Европа“ на група медиуми од Германија, Италија, Грција, Холандија, Белгија, Ирска и Велика Британија, е добитник на Новинарската награда „Дафне Каруана Галиција“ за 2024 година.
Урсула Фон дер Лајен: Ние ќе помогнеме да се спроведе обврската што Северна Македонија ја презеде како суверена земја на секој дел од патот. За мене е мошне важно тоа што имаме јасна цел. Работам колку што можам за да можеме да ги отвориме преговорите за кластерот „Темели“, тоа е нашата краткорочна цел засега и уставните промени треба да се разработат. За мене тоа е важно, важно е и е во интерес на Северна Македонија да бидеме успешни и затоа сакам да ве уверам дека ќе бидеме со вас на секој дел од патот за да стигнеме до заедничката цел.…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро го осудува вандалскиот чин на дрско опожарување на возилото на колегата Благој Серсемов, уредникот на локалната телевизија и онлајн медиум М-нет од Штип.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен истакна дека е потребна синергија на напорите кои се вложуваат во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и реформите согласно европските стандарди од една страна и зачувувањето на гордоста и достоинството на граѓаните од друга страна.
Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро. Речиси сме таму, треба да поминат уставните промени на кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе направат потребните заеднички чекори за напредок и уверена сум исто како и вас дека можеме да ги надминеме пречките кои постојат, рече претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен на заедничката прес-конфернција со премиерот Христијан Мицкоски.
Малку е да се каже дека е непријатно да се живее со мета на грбот. Мета кон која стрелаат „црните тројки“ на пропагандата на радикалните националисти (сите), ултрадесничарите, антизападните и проруските оперативни центри на влијание. Нападите се секојдневни. Чиста омраза и навреди, многу често вулгарни. И многу лаги, ноторни лаги.
„Почитувана… бескрајна благодарност до вас! Се гордеам што токму вие сте нашата Прва Дама на Републиката!“, напиша Аќиф Равмановски, што предизвика дополнителни нервозни реакции во јавноста, која потегот го оцени како уште една провокација и потсмевање со правниот поредок во земјава.
Доналд Трамп е интензивно силен во овие последни неколку недели од изборите во САД, кои се закажани за 5 ноември. Фазата на предвремено гласање веќе започна и Доналд Трамп веќе ја гради својата моќ во различни региони, вклучително и клучните држави во бојното поле, според повеќето податоци и анкети за изборната стратегија.
