Author: Marija Todorovska
Париз: Наставничка по музичко во основно училиште во Франција е избодена со нож во лицето денеска за време на часот и е во критична состојба, јавува телевизијата БФМ.
Женева: Ризиците од поплави се зголемуваат поради климатските промени и човечките интервенции, според Извештајот за светски ризици објавен денеска.
Во јавноста се појавија пораки кои наводно Росица му ги испратила на министерот Тошковски пет месеци пред нејзината смрт. Во пораките девојката напишала „Очајно ми треба помош“.
Чадна бомба беше фрлена и употребен бибер-спреј во салата на Собранието на Заечар претпладнево во момент на обиди за одржување продолжение на конститутивната седница по што сите одборници ја напуштија просторијата, јавија локалните медиуми. Пред Собранието има голема група граѓани, а во салата е скршена маса каде седат одборниците откако приватно обебзедување се обидуваше да спречи влегување на одборниците.
По минатонеделниот протест „Ниту една повеќе“, движењето кое го организираше повторно повикува на блокада овој четврток (25 септември) на раскрсницата кај „Жена Парк Борец“ од 18 часот.
На 26 и 27 септември на Матка ќе се одржат натпревари од 4. и 5. коло од Светскиот куп во кајак спуст на диви води.
Единствената суштинска причина за војната во Украина е одбивањето на Русија да го прифати украинското право да ја избере сопствената иднина, порача претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пред Советот за безбедност на ОН во Њујорк.
Владата донесе одлука за формирање на Комитет за јавни инвестиции, што претставува значаен чекор за обезбедување поголема ефикасност, транспарентност и усогласеност на јавните инвестиции со националните приоритети и стратешки цели, информираат од Министерството за финансии.
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која меѓудургото ќе се одржи жрепка за утврдување на единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025. Изборната кампања за изборите започнува в понеделник на 29 септември а завршува на 17 октомври односно 24 часа пред изборите. Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи на 2 ноември.
Организаторите на про-палестинската флотила, која има за цел да достави помош до Газа, соопштија дека Израел ги нападнал со „светлосни бомби, експлозивни ракети и сомнителни хемикалии“ додека се приближувале кон воената зона, јави ДПА.
Паралелно со пристапните процеси на кандидатите за членство во ЕУ, самата Унија мора да ги спроведе неопходните внатрешни реформи со што ќе стане поинтегрирана, поефикасна и подемократска, помалку ќе се придржува до консензусот при носење и ќе обезбеди посилна улога на Европскиот парламент.