Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Про-палестинската флотила со помош за Газа нападната со светлосни бомби, експлозивни ракети и сомнителни хемикалии

0
By Marija Todorovska on September 24, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Фејсбук Global Sumud Flotilla
Фото: Фејсбук Global Sumud Flotilla
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 24, 2025 10:01

 Организаторите на про-палестинската флотила, која има за цел да достави помош до Газа, соопштија дека Израел ги нападнал со „светлосни бомби, експлозивни ракети и сомнителни хемикалии“ додека се приближувале кон воената зона, јави ДПА.

Израелските окупаторски сили извршија најмалку 11 напади врз Global Sumud Flotilla, додека се наоѓаше на 600 морски милји (1.100 километри) од Газа, соопшти утрово организацијата CODEPINK на социјалните мрежи.

Израел ги заплашува и тероризира хуманитарците кои носат помош во меѓународни води. Барајте безбеден премин за флотилата. Прекинете ја блокадата на Газа веднаш, се додава во соопштението, кое го сподели и самата флотила.

Global Sumud Flotilla објави видео на своите канали во кое се тврди дека се гледаат „шок-бомби – нефатални експлозивни уреди што најчесто ги користи полицијата или војската. Тие се дизајнирани привремено да ги онеспособат луѓето без трајни повреди и често се користат за контрола на толпа или при спасувачки операции на заложници.“

Активистите тврдат дека против бродовите биле употребени „експлозивни ракети“ и „сомнителни хемикалии,“ како и „неидентификувани дронови и прекин на комуникации.“

 Ние лично сме сведоци на овие психолошки операции токму сега, но нема да бидеме заплашени, објави флотилата на Телеграм.

Претходно, Франческа Албанезе, специјален известувач на ОН за палестинските територии, сподели едно од видеата на флотилата на нејзиниот профил на Х.

„Деветти напад пријавен врз хуманитарни бродови во меѓународни води (југозападно од Крит) – сред ноќ! Ете: геноциден на копно, морски одметник на море, напиша таа во објавата.

Global Sumud Flotilla, која тргна од Барселона кон крајот на август со стотици активисти на бродовите, има цел да ја пробие израелската поморска блокада на брегот на Газа и да испорача хуманитарна помош на населението во воената енклава. „Сумуд“ на арапски значи „истрајност.“

Израел во минатото спречи повеќе обиди за пробивање на поморската блокада.

Global Sumud Flotilla активисти Израел напад Палестина флотила
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.