Author: Marija Todorovska

Подигнувајќи ги очекувањата за дипломатска победа доколку се усвои целосно оваа верзија на извештајот, дали самите си поставуваме стапица дека ако не се усвои тоа би било дипломатски пораз? 

Read More

Шефот на окупаторската област Запорожје, Евгениј Балицки, во март 2023 година изјави дека учениците во окупираната област Запорожје имаат „опција“ да учат украински јазик максимум три часа неделно, но дека наставата по руски јазик била стандардна. ISW во тоа време процени дека руските окупаторски власти веројатно ќе го искористат привидот на избор при изборот на образование на украински јазик за да идентификуваат лица кои учествувале во наводно проукраинската активност на учење украински јазик, што руските власти подоцна би можеле да го користат како репресивна алатка против идентификуваните проукраински лица.

Read More

Атина: Меѓу 36,70 и 115,20 евра по патник во еден правец чини билетот за траектот од Солун до Скијатос, Скопелос и Алонисос, цена што сменува во зависност од категоријата на билетот и изборот на островот, а бродската линија од денеска одново е во функција и е воведена за летниот период.

Read More

Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни пред десет дена не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, ќе имаат втора можност за упис на второто електронско пријавување овој месец во понеделник, 30 јуни. Потребната документација до училиштата ќе се доставува наредниот ден (1 јули), а ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена на 2 јули до 12 часот.

Read More

Од 1 јули до 31 август годинава се воведува целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште на територијата со која стопанисува/управува ЈП „Национални шуми”.  Забраната, како што информираат се воведува со оглед на зголемената опасност од појава и ширење на пожари на отворен простор за временскиот период во терминот од 00.00 до 24.00 часот. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми” -Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат управуваат.

Read More

Папата Лав Четиринаесетти го критикуваше глобалното вооружување, предупредувајќи дека парите кои би можеле да се искористат за изградба на болници и училишта завршуваат во „рацете на трговците со смрт“.

Read More

Вкупно 24 банки се дел од процесот на разгледување на проектната документација, за покажување интерес за финансирање на проектот за изградба на брза пруга долж Коридорот 10, од кои 22 банки веќе добија официјално барање за доставување понуда. Дополнително, уште две банки – НЛБ Словенија и една банка од Дубаи – покажаа интерес, и во моментов се во фаза на анализа на доставените материјали, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Read More