Author: Marija Todorovska
Оваа трагедија не е само црна хроника во вести, не е статистичка бројка. Тоа се 62 згаснати животи, 62 семејства во црнина, 62 иднини украдени за миг, порачаа родителите на починатите во несреќата што се случи во дискотеката „Пулс“, попладнево на 19. протестен „Марш на ангелите“.
Во денешните израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 25 луѓе, соопштија локалните болници.
Република Северна Македонија го потврди своето учество на специјализираниот саем „ЕКСПО 2027“ во Белград, објави истоимената компанија.
Министерството за здравство информира дека е воведен нов електронски модул за донации, со цел транспарентен преглед на сите донации примени од Министерството за здравство, како и од сите јавни здравствени установи.
Законодавното собрание на Тексас даде конечно одобрение за новата изборна мапа што ќе им овозможи на републиканците да освојат до пет дополнителни места во Конгресот на САД за време на парламентарните избори оваа година, на половина од тековниот мандат, пренесува Бета.
Подгорица: Железничкиот сообраќај во Црна Гора е во прекин поради штрајк на диспечерите на возови, кои бараат повисоки плати.
Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата. Од пристигнатите 352 барања за упис во регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за изборите за Локалните избори за 2025, Државната изборна комисија (ДИК) позитивно одговори на 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали.
Берлин: Една третина од жителите на Германија се загрижени дека ќе ја изгубат работата поради експанзијата на вештачката интелигенција (ВИ), покажаа резултатите од анкетата нарачана од агенцијата ДПА.
Туристички автобус излета од патот и се преврте во американската сојузна држава Њујорк, при што загинаа најмалку пет лица, а десетина се повредени, соопштија локалните власти.
Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, денеска почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој трае 20 дена односно до 11 септември на полноќ. ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна на 3 октомври.
На територијата на државата денеска до 09:00 часот имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои нема ниту еден активен пожар, под контрола е еден пожарот во повеќенаменско подрачје Јасен, во Општина Македонски Брод, каде повеќе од десетина дена гореше мешана шума, а изгаснати се 17 пожари, информираат од ЦУК.
Од пристигнати 352 барања за упис во регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за изборите за локалните избори за 2025 година, Државната изборна комисија (ДИК) регистрира 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали.
