Author: Marija Todorovska
Украина мора да премине од дефанзива против руските напади во офанзива за да „врши притисок врз Русија“, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги проверува податоците на повеќе од 55 милиони лица кои имаат важечки визи во САД, за да утврди дали постојат одредени прекршувања што би можеле да доведат до нивна депортација.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на посетата на командниот центар во Вашингтон за припадниците на полицијата, Националната гарда и федералните агенти кои ја спроведуваат неговата акција за борба против криминалот во американскиот главен град, дека неговите напори водат кон намалување на криминалот.
Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава има регистрирано вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, осум се активни, информираат денеска од Центарот за управување со кризи.
Пожарот во Карпош 4 е целосно локализиран, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али. Дел од екипите на Бригадите за противпожарна заштита се сеуште на терен.
Во организација на Друштвото за култура и литература “Мацково”, од Охрид, утре напладне, во ЦОУ “Ванчо Николески”, во Лескоец, Охрид, започнува традиционалната манифестација – Балкански поетски камп за млади “Ванчо Николески”.
Мерсел Биљали: Сега ниедна земја повеќе нема да биде безбедна, дури ни најмоќните. Никој нема да штити мали држави што не ги решиле проблемите. Насилството што Вучиќ го врши врз својот народ е знак дека никој на планетата нема да биде безбеден. Особено малите земји чии „чудни“ лидери врескаа до небото „никогаш додека сум жив…“!!! Извор: Фејсбук
Пожар избувна во стари бараки во Карпош 4 кои порано биле сопственост на фабриката „Макотекс“, а денеска служат како сервис за возила.
Во јули е регистриран годишен раст од 13 проценти и на вкупните депозити и на вкупната кредитна поддршка. Народната банка денеска соопшти дека зголемувањето кај депозитите во поголем дел се должи на растот во секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор, а кај вкупните кредити поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор.
Атина: Група од четири, веројатно малолетни лица, доцна синоќа со камења нападнале автобус со српски туристи на автопат на излез од Солун, а полесно се повредени три лица, меѓу кои вториот возач и две патнички.
Русија лансираше бран ракети и беспилотни летала насочени кон градови во западна Украина, далеку од линијата на фронтот, на 21 август, при што загинаа најмалку еден, а беа повредени 14 лица. Нападот предизвика пожари во голема фабрика за електроника во Мукачево, а штети се пријавени и во други градови, вклучувајќи го и Лвив, пишува ЦивилМедиа.
Државното Јавно обвинителство, преку Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе обвинителен акт против осум лица, од кои шест се полициски службеници. Обвинението се однесува на сериозни злоупотреби на службената положба, противзаконито посредување и примање поткуп, со цел овозможување незаконски престој и прибавување дозволи за привремен престој на странски државјани.
