Author: Marija Todorovska

Вашингтон: Ураганот Ерин го погоди брегот на Северна Каролина со силни ветрови и бранови кои поплавија дел од голем автопат и ги загрозија куќите на плажа. Прогнозерите предвидуваат дека бурата денеска ќе го достигне врвот, со можност повторно да се зајакне до голема категорија три или повисока.

Read More

Мерките и активностите на институциите не обезбедуваат соодветна и ефективна поддршка, заштита и реинтеграција на жените жртви на родово базирано и семејно насилство. Системот за заштита е сè уште недоволно развиен, а бројките за жртви и сторители на кривични прекршочни дела во врска со семејно насилство покажуваат загрижувачки континуитет, без подобрување на состојбата. Во 2023 година, мажите биле десетпати повеќе сторители на кривични дела од жените, додека жените жртви биле четири пати повеќе од мажите. Оваа состојба укажува дека обврските од Истанбулската конвенција остануваат неисполнети, се вели во ревизијата на успешност на тема „Имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа…

Read More

Атина: Архитектонска и енергетска надградба на постоечките објекти и инфраструктура, сообраќајна надградба на патната мрежа преку прераспоредување на активностите, како и обезбедување на потребните услови за значително подобрување на услугите за пасошката, царинската, фитосанитарната и ветеринарната контрола, предвидува проектот „Надградба на граничниот премин Евзони – Килкис“ на Министерството за внатрешни работи на Грција.

Read More

Постапувајќи по кривичната пријава, поднесена од МВР, обвинител од ОЈО – ГОКК донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело „тероризам“, информираат денеска од Јавното обвинителство, додавајќи дека предложен е и притвор.

Read More

Папата Лав Четиринаесетти ги повика католиците и другите верници в петок да го одбележат денот на пост и молитви за мир во Украина и другите земји погодени од војна.

Read More

Кривичниот суд го одобри обвинителниот акт против Б.Н. во предметот „Адитив“, отфрлајќи ги приговорите на одбраната. Истовремено, поднесен е обвинителен предлог против уште три лица за кривично дело „оддавање службена тајна“, а се разгледува и можноста за спојување на обвиненијата.

Read More