Author: Marija Todorovska

Хамбург:  Германија и Велика Британија го продолжуваат проектот за директна железничка врска меѓу нивните главни градови. Германскиот министер за транспорт Патрик Шнајдер и неговата британска колешка Хајди Александар потпишаа декларација во Хамбург, според која работна група треба да ги разјасни преостанатите нерешени прашања, пренесува ДПА.

Read More

Синоќа во Белград, Нови Сад и неколку други места дојде до судири помеѓу полицијата и демонстрантите, кои се собраа пред канцелариите на СНС и нејзиниот коалициски партнер во владата, СПС.

Read More

Подобрена е ситуацијата во сите пожари по битката што во текот на ноќта ја водеа противпожарните сили, информираше утрово портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, објаснувајќи дека активни остануваат пожарите во регионот Ахаија на Пелопонез и на островот Хиос.

Read More

Неколку жители на Алјаска ги напуштија своите домови откако водата од ледничкото езеро почна да тече од базенот што претходно го држеше глечерот Менденхол, што предизвика страв од рекордни поплави во Џуно, главниот град на оваа американска држава, пишува Би-Би-Си.

Read More

Според соопштението на француското претседателство, започна онлајн самитот на кој учествуваат претседателот на САД Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидери од Европската Унија.

Read More

Во рамки на дејствијата поврзани со локалните избори, синоќа заврши тридневниот рок за пријавување на печатените и електронските медиуми (интернет порталите), доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања. До утревечер на полноќ, пак, е рокот за доствување на ценовниците до ДИК за изборите.

Read More

Во близина на струшкото село Октиси, на место викано Октишка Краста, е избувнат пожар од поголеми размери кој претставува потенцијална закана за имотот на населението, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Read More

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) дополнително ја намали прогнозата за побарувачката на сурова нафта за оваа година, повикувајќи се на послабиот глобален економски раст и несигурност на пазарот.

Read More

Искрено жалиме што надлежните институции остануваат глуви на нашите добронамерни апели. Доставувањето на предизборен Закон за игри на среќа до пратениците во Собранието, само три дена после распишувањето на локалните избори, ги потврдува нашите грижи, посочуваат од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ во отворено писмо.

Read More

Дел од најбараните артисти, најгледаните шоу-програми со највпечатливите точки од фестивалите на уличната уметност ќе бидат дел од јубилејното 15. издание на Баскерфест 2025 од мотото „Побарај ја забавата“ – Баскерфест 2025.

Read More

Владата на Република Северна Македонија усвои нова методологија за финансирање на основното и средното образование, која од 1 јануари 2026 година ќе овозможи распределба на средства според реалната цена на образованието по ученик. Новата формула предвидува праведна распределба на средства за основно и средно образование, со посебна поддршка за ученици со посебни потреби, наставата на малцински јазици и развој на дефицитарни струки, како и оптимизација на училишната мрежа и воведување едносменско работење.

Read More