Author: Marija Todorovska
Сто странски гости се потврдени на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, чие 16. издание ќе се одржи од 21 до 28 август. Во тој период, ќе може да се погледнат 75 документарни остварувања на пет фестивалски локации, информираа на денешната прес-конференција во Скопје, извршниот директор на фестивалот – Дарко Набаков, програмскиот координатор – Петрула Вељановска и раководителот на индустри – програмата, Сара Ферро.
Немаше значителни промени во состојбата со човековите права во Северна Македонија во текот на годината. Значајните прашања поврзани со човековите права вклучуваа извештаи за сериозни ограничувања на слободата на изразување и слободата на медиумите, вклучително и насилство и закани за насилство врз новинари. Владата презеде значајни чекори за идентификување и казнување на службените лица кои извршиле злоупотреби на човековите права, стои во Извештајот на Стејт департментот за човековите права за 2024 година.
До денеска напладне во Регистарот на возила на државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни претпријатија или други правни лица што располагаaт со државен капитал во Државната комисија за спречување на корупцијата се евидентирани повеќе од 380 возила, согласно одлуката за пријавување на службените возила пред локалните избори закажани за 19 октомври.
На 89-годишна возраст почина легендарната македонска оперска пејачка Милка Ефтимова,првенка на Македонскиот народен театар, редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје и концертен уметник.
Во охридското село Велгошти вечерва ќе се одржи културната манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“, со која традиционално се одбележува годишнината од раѓањето на големиот писател и раскажувач.
Рим: Криминална хакерска група украла лични податоци на десетици илјади туристи во Италија, прибрани од документите за идентификација кои се бараат при пријавување во хотели.
Денес, 24 години по потпишувањето на Рамковниот договор, стоиме овде не само да се потсетиме на еден историски датум, туку да се потсетиме на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната свечена седница по повод одбележувањето на 24-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.
Пехчево: Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Пехчево информира дека според добиените резултати од анализи на мостри од вода за пиење, водата во моментот не е безбедна за директна консумација.
Околу 350 лица денеска ќе полагаат за лиценца за работа за воспитувачи, негуватели, стручни работници, соработници и директори која обрска е задолжителен предуслов за вработување во детските градинки.
Еден војник загина, а друг беше повреден кога цистерна за вода се преврте во близина на Куча, Црна Гора. Двајцата беа вклучени во гаснењето пожари во регионот. Голем број пожари се уште се активни во Црна Гора. Шумските пожари ги зафатија и другите земји во Европа, среде уште еден топлотен бран.
Активни се три пожари на отворен простор од вкупно 33 регистрирани изминатото деноноќие на територија на државава, до осум часот утрово. Два се под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Поради пожарот во националниот Парк Јасен, продолжува забраната за сообраќај на регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје. Патот е затворен е за секаков вид на возила, соопштија од Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
